fbpx

Русија предлага уставни реформи и избори во Сирија

-

Официјална Москва предлага сириската влада и опозицијата да се договорат за почнување процес на уставни реформи во следните 18 месеци по предвремените претседателски избори, се наведува во предлог-документот до кој стигнала новинската агенција „Ројтерс“.

Предлогот, кој Русија го составила во пресрет на меѓународните разговори во Сирија што се одржуваат неделава, има осум точки, н0 не го исклучува учеството на претседателот Башар ал Асад на изборите, за што неговите противници тврдат дека е невозможно ако се сака мир.

„Избраниот претседател ќе има функција на главен командант на вооружените сили и контрола на посебните услуги и на надворешната политика“, стои во документот.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Михал Богданов рече дека Москва излегува со „различни идеи и предлози“, но истакна дека тоа не претставува цврсто утврден план.

Во документот се наведува дека сириските страни треба да се согласат со таквите чекори на идните конференции, кои би ги организирале Обединетите нации и додаде дека реформските процеси нема да ги предводи Асад, туку кандидат прифатлив за сите страни.

Богданов негира дека Русија направила официјален документ и вели дека станува збор само за идеи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...