fbpx
Таг: влада

таг: влада

Исплатена оштетата за поплавените од Босилово

Владата им исплати 14 милиони денари на 250 земјоделци од Босилово, како отштета за поплавите во јануари и во февруари годинава. Оштета од поплавите досега е исплатена на домаќинствата и на земјоделците од Могила, Новаци и од Демир Хисар. Владата одлучи стопроцентно да ги обесштети земјоделците и домаќинствата од штетите од поплавите во јануари и во февруари годинава, како и да...

Каменос: Продолжуваме да ја поддржуваме владата на Ципрас

Коалицискиот партнер на Алексис Ципрас, Панос Каменос и Независни Грци, ќе продолжат да ја поддржуваат владата. Каменос најави дека ќе гласаат за мерките, но само за тие што беа договорени на лидерската средба меѓу СИРИЗА, Независни Грци, ПАСОК, Река и Нова демократија. Според него, европските кредитори се обидуваат преку договорот да ја срушат грчката влада и Независни Грци нема да дозволат...

Ципрас пред нов избор за иднината на владата и на СИРИЗА

Од Брисел тензијата се префрла во Атина, каде грчкиот премиер Алексис Ципрас мора да осигури изгласување на целосниот пакет мерки и конкретни реформи до среда. Пред него се големи дилеми, односно колку од неговите министри и сопартијци ќе застанат до него, а кои ќе го напуштат, колку Собранието ќе ги одобри мерките и што ќе се случува со владата чие...

Пакетот на Ципрас чека одобрување од парламентот

Грчкиот парламент денеска ќе гласа за новиот пакет мерки и реформи што владата на Алексис Ципрас ги поднесе до европските кредитори. Се работи за пакет идеи, реформи, мерки со кои Грција бара нов заем во висина од 53, 5 милијарди евра за следните три години, поконкретно од 1 јули годинава до 30 јуни 2018 година, со кои ќе се осигураат нејзините...

СДСМ почна своја истрага за настаните во Куманово од 9 мај

Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) апелираат сите што имаат информации околу заднината на настаните во Куманово, пред два месеци, да ги споделат со партијата, која, како што денеска на прес-конфенерција соопшти претседателот на Комисијата за одбрана на СДСМ, Максим Димитриевски, „работи на откривање на вистината за Куманово“. - Како што преку „Вистината за Македонија“ ги откриваме тешките злоупотреби на власта...

Општина Струга се пожали дека Владата на стружани им извлекла еден и пол милион евра

Владата на Република Македонија, преку Министерството за финансии, од џебот на граѓаните на општина Струга, само во мандатот на сегашните коалициски партнери, извлекла околу 87 милиони денари, или 1.400.000 евра, реагираа од локалната самоуправа преку соопштение до медиумите. Само во последниве две години, биле извлечени околу пет милиони денари или околу 800.000 евра. Од Општината, исто така, се пожалија дека Владата им...

Владата донесе мораториум на сите комерцијални промоции

Владата на Република Македонија, како гест на добра волја, донесе одлука привремено да се воспостави мораториум на сите комерцијални промоции. Тоа го соопшти денеска министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, кој учествува на денешната дебата на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

СДСМ: Единствен успех на Груевски е што поради неговите политики 250.000 млади се иселија од Македонија

Единствениот „успех“ на Никола Груевски за младите во Македонија е тоа што поради неговите лоши, погрешни и криминални политики, повеќе од 250.000 млади луѓе се иселија од земјава, реагираат од СДСМ на говорот на премиерот Никола Груевски на конференцијата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. „Груевски е изворот, суштината на бројните проблеми во Македонија и само негово заминување е опција за нивно решавање....

ПДП: Препораките на ЕК не се однесуваат на актуелната туку на идната транзициона влада

„Последниот извештај на „Фридом хаус“ за почитувањето на човековите права и слободи, владеењето на правото, како и за слободата на медиумите ги потврдува неодамна објавените констатации и заклучоци на експертската група на Европската комисија под раководство на Рајнхард Прибе дека Република Македонија е земја со ниски стандарди каде економскиот криминал, корупцијата, кршењето на човековите права и слободи, партизацијата на...

ЛГБТИ-заедницата прогласи мораториум на Владата на Груевски

Активистите од ЛГБТИ-заедницата, од Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија и граѓани, денеска прогласија мораториум на секаква соработка со Владата. Тие поставија и посмртен венец пред Владата во знак на револт за начинот на кој таа се однесува кон оваа заедница. Активистите велат дека пред две години, кога почна одбележувањето на Неделата на гордоста, во ЛГБТИ-центарот за поддршка активистите биле...

Оградата од ковано железо се поставува околу Владата

Ограда од ковано железо помеѓу бетонски столбови повисоки од два метри, почна да се поставува од задната страна на објектот на Владата. Оградата околу Владата ја гради скопската градежна компанија „Бауер БГ“, а за неа се потрошени околу  700.000 евра.  

Владата темелно ќе го проучува извештајот на ЕК

Владата со внимание се „осврнала“ на извештајот на Европската комисија, што го изработи група експерти под водство на Ренјхард Прибе, потврди владниот портпарол, Александар Ѓорѓиев, додавајќи дека „препораките од комисијата ќе бидат темелно проучени“ и искористени во реформите потребни за европските интеграции. - Со внимание се осврнавме на извештајот. Препораките на комисијата ќе бидат темелно проучени и, секако, искористени во рамките на...

Новиот претседател на Нигерија: Државната каса е празна

Државна каса на Нигерија е речиси празна, изјавил на прес-конференција новиот претседател на африканската држава, Мухамаду Бухари, посочувајќи дека неговата влада наследила милиони долари долг од претходната администрација. „Тоa e голем срам за Нигерија“, рекол Бухари. Претседателот и неговата партија, Конгресот на прогресивците, ги добија изборите во март оваа година, со што му ставија крај 16-годишното владеење на Народно-демократската партија во...

„Њујорк тајмс“: Владата обвинета дека прислушувала, а премиерот молчи

„Националната безбедносна служба (Управата за безбедност и контраразузнавање н.з.), постапувајќи по наредба на конзервативната и сè повеќе авторитарна влада на Македонија, стоела зад скандалот со прислушување, кој ја доведе малата земја на работ од бездната“, пишува угледниот  „Њујорк тајмс“, во воведниот дел од текстот по повод извештајот на независниот експертски тим на Европската комисија, кој беше објавен во петокот,...

Владата денеска ќе го разгледува извештајот на Прибе

Извештајот на бриселската група експерти предводени од поранешниот директор на директоратот за проширување на ЕК, Рајнхард Прибе, и препораките што земјава мора итно да ги спроведе, попладнево ќе се најдат на седница на Владата, информираат за „24 Вести“ владини извори. Истите извори тврдат дека вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими, ќе реферира за извештајот, средбите во Брисел минатата недела со еврокомесарот за...

Груксит (Gruxit) во октомври или во јануари?

Изборите ќе бидат предвремени и во април 2016 година. Останува само да се договори кога и со какво образложение премиерот Груевски ќе се повлече, односно името на владата и „излезот“ на Груевски. Дали тоа ќе биде од септември - октомври или од јануари - февруари? Колкав ќе биде „транзицискиот период“, како што го нарече еврокомесарот Јоханес Хан. - Груевски се лаже...

Почнаа преговорите за коалициона влада во Данска

Политичките партии во Данска почнаа да разговараат за формирање коалициона влада, два дена по изборите на кои се покажа дека Данската народна партија (ДПП), позната по евроскептицизмот и по антимиграционите ставови, е втора сила во земјата. Ларс Расмусен, лидерот на опозициската Либерална партија на десниот центар, почна консултации затоа што од кралицата Маргарет доби мандат за формирање влада, која ќе...

Владата го усвои Законот за азил, на ред е Собранието

На синоќешната седница, Владата ги усвоила предлог-измените на Законот за азиланти и привремена заштита, по итна постапка, изјави за „Мета“ портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев. Законот е испратен во Собрание и, како што информираат од Владата, ќе биде разгледуван на првата наредна седница, која ќе се одржи во текот на оваа или идната недела. Извори од Собрание за „Мета“ велат дека...

Опозицијата треба да формира влада во Турција

Опозициските партии во Турција се должни да формираат влада бидејќи тие заедно добија најголем број гласови на парламентарните избори на 7 јуни, изјави лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија, Кемал Килиџароглу. Според него, „неприфатливо“ е што претседателот Реџеп Таип Ердоган е главен политички фактор во коалициските разговори. Килиџароглу истакна дека Ердоган мора да остане во рамките на границите на шеф...

Владата размислува да воведе зелен картон за еден месец

Премиерот Никола Груевски истакна дека Владата размислува, покрај едногодишниот, да воведе едномесечен зелен картон. При посетата на на охридско-струшкиот регион, одговарајќи на новинарско прашање, тој посочи дека Владата подготвува одредени измени во постојната законска регулатива. – Сега зелените картони секој може да ги добие за една година, не може за пократко. За возила до 66 киловати чинат околу 60 евра, а 90 евра за...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...