fbpx

СДСМ почна своја истрага за настаните во Куманово од 9 мај

-

Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) апелираат сите што имаат информации околу заднината на настаните во Куманово, пред два месеци, да ги споделат со партијата, која, како што денеска на прес-конфенерција соопшти претседателот на Комисијата за одбрана на СДСМ, Максим Димитриевски, „работи на откривање на вистината за Куманово“.

– Како што преку „Вистината за Македонија“ ги откриваме тешките злоупотреби на власта предводена од Никола Груевски, така СДСМ работи и на откривањето на вистината за Куманово. Овој случај нема да дозволиме ниту да се заборави, ниту да се забошоти. Затоа апелираме до сите што имаат информации за овој случај, да контактираат со нас – изјави Димитриевски.

Според него, СДСМ ќе направи сè да го расветли инцидентот, кој, како што рече Димитриевски, „ според многу индиции имал цел да ја дефокусира јавноста од актуелната политичка криза во земјава, а заврши со осум семејства во црно, деца во солзи пред срушени куќи и илјадници „зошто“ чии одговори се кријат“.

Димитриевски истакна дека и по два месеци нема одговор од најповиканите, односно од премиерот Никола Груевски и од неговата влада за тоа „кој, зошто и со каква цел се обиде да ја дестабилизира Македонија“.

„Кој дозволи криминални групи да влезат во срцето на Куманово? Зошто власта не спречила овие групи да влезат во Македонија? Кого штити Јавното обвинителство и два месеца по инцидентот, молчи за случајот? Зошто никој не понесе командна одговорност во штабот при МВР, формиран за да ја координира операцијата? Дали Чавков за оваа операција е награден со позицијата министер за внатрешни работи, наместо да биде повикан на одговорност заедно со другите во командната структура и со тогашната министерка Гордана Јанкулоска? МВР мора да каже по кои критериуми ги делеше финаниските награди и дали е точно дека такви награди добиле лица во МВР кои воопшто немале никаква активност во директните борбени дејства?“, се прашањата што Димитриевски ѝ ги упати на Владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...