fbpx

Новиот претседател на Нигерија: Државната каса е празна

-

Државна каса на Нигерија е речиси празна, изјавил на прес-конференција новиот претседател на африканската држава, Мухамаду Бухари, посочувајќи дека неговата влада наследила милиони долари долг од претходната администрација.

„Тоa e голем срам за Нигерија“, рекол Бухари.

Претседателот и неговата партија, Конгресот на прогресивците, ги добија изборите во март оваа година, со што му ставија крај 16-годишното владеење на Народно-демократската партија во земјата.

Бухари, кој фунцкијата претседател ја презеде од Гудлак Џонатан, кој беше на власт од 2010 година, рекол дека дел од владините службеници не добиле плата со месеци, поради што се сретнал со гувернерите во земјата и со нив разговарал за кризата.

„Се соочуваме со лошо водење на работите – навистина ни треба ваша помош да нè заштитите од луѓето пред да почнат да маршираат на нас“, им рекол на новинарите Бухари, пренесува „Би-Би-Си“.

По ова коментарите на медиумите се дека претседателот се обидува да ги намали очекувањата што гласачите ги имаат од новата влада.

Инаку, тој ги добил изборите благодарение на ветувањата за борба против корупцијата и за водење на земјата кон поголем просперитет.

Нигерија е најголемиот африкански производител на нафта, но и покрај тоа, најголем дел од нејзините граѓани живеат во сиромаштија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...