fbpx

Завршна конференција на НЕАП: За ефикасно граѓанско учество најважна е политичката волја

-

Во хотелот „Арка“ се одржа завршната конференција на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“.

На конференцијата присуствуваа претставници на граѓански организации, институции и на медиуми.

– Проектот јасно укажа дека е важно да се создаваат алатки што ќе бидат лесно достапни, едноставни за користење и ќе им овозможуваат на ефикасен начин на невладините организации, но и на граѓаните воопшто, онлајн или офлајн да учествуваат во процесот на донесување одлуки. Но, исто така, проектот покажа дека најважно е да постои вистинска политичка волја и посветеност на претставниците на државните институции да ги вклучуваат граѓаните во тие процеси – рече на почетокот на конференцијата Бардил Јашари, извршен директор во Фондацијата „Метаморфозис“.

Според Александар Колекески од Македонскиот центар за европско образование, преку проектот НЕАП е развиена платформа за е-учење која создава ресурси за помагање на граѓанското учество.

Во текот на конференцијата, присутните имаа можност на сесијата „Презентација на проектите спроведени во рамки на акцијата“ да слушнат многу повеќе за шестте проекти добитници на мали грантови во рамки на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“.

На овој завршен настан, се промовираше веб-платформата www.akcija.mk, која е создадена и се користи за објавување релевантни информации за проектот.

Филип Стојановски, програмски директор во „Метаморфозис“, ги презентираше резултатите од спроведеното истражување на тековното ниво на употреба на владините веб-локации на општинско и на државно ниво.

Проектот го спроведува Фондацијата „Метаморфозис“, во партнерство со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), а е финансиран со помош од Европската унија преку програмата „Поддршка за зајакнување, одржливост и развој на активно граѓанско општество“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...