fbpx

ЛГБТИ-заедницата прогласи мораториум на Владата на Груевски

-

Активистите од ЛГБТИ-заедницата, од Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија и граѓани, денеска прогласија мораториум на секаква соработка со Владата.

Тие поставија и посмртен венец пред Владата во знак на револт за начинот на кој таа се однесува кон оваа заедница.

ЛГБТИ-венец-пред-влада

Активистите велат дека пред две години, кога почна одбележувањето на Неделата на гордоста, во ЛГБТИ-центарот за поддршка активистите биле нападнати од маскирани лица во присуство на полицијата, а случајот и по две години не е решен.

– Како рефлексија на целокупното владеење на Никола Груевски, со бандата што седи во неговата влада, во оваа држава, образованието продолжува и е извор на хомофобија и на ширење конзервативизам и востоличување на патријахалните вредности. Универзитетите ја изгубија својата автономија, а критичката мисла се закопа. Поради хомофобијата во образованието, за солидарност со нашите сограѓани и сограѓанки, бараме оставка од владата на Никола Груевски, на чело со него, и од денеска прогласуваме мораториум на оваа влада. Поради тоа што здравството стана место каде што се усмртуваат млади деца и каде што се дискриминираат сите граѓани, Никола Тодоров и сите претходни министри од оваа влада одбиваат каква било соработка и почитување на основните човекови права на граѓаните на Република Македонија. Бараме оставка, прогласуваме мораториум на оваа влада и на Министерството за здравство – рече активистот Славчо Димитров.

Активистите побара оставки и од министрите за внатрешни работи, труд и социјала и за култура.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...