fbpx
Таг: влада

таг: влада

Грција не верува во позитивен исход од посетата на Коѕиас на Скопје

Колку посетата на грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас ќе успее да ги измазни и ќе помогне да се надминат разликите меѓу македонската и грчката влада? Во Грција владее благ песимизам дека оваа посета, иако корисна за топење на мразот меѓу двете страни, ќе успее да направи мала револуција и да ги приближи двете држави поблиску до решение. Според анализата...

Протестен марш на „Беса“: Oставки на Груевски и на Ахмети и нов договор за државата

Со говори на активисти, политичари, лица од невладини организации, на бина поставена на почетокот на мостот Гоце Делчев, во близина на Владата, заврши денешниот мирен протестен марш на политичкото здружение „Беса“. На протестот, демонстрантите упатија три барања: „оставка од антиалбанската, инкриминирана и корумпирана влада на Никола Груевски и на Али Ахмети, расветлување на сите албански вистини во Македонија и нов...

Почна протестот на движењето „Беса“

Неколку стотини граѓани попладнево во паркот во Чаир излегоа на протестот, организиран од движењето „Беса“. Според организаторите, станува збор за сеалбански протест на кој „се бара оставка од владата на Никола Груевски и на Али Ахмети, расветлување на сите албански вистини во Македонија и нов договор во државата“. Демонстрантите носат албански знамиња и извикуваат „Долу влада“, пренесува „Тетовасот“. Како што пренесува порталот...

Движењето „Беса“ денеска на протест, ќе бара оставки на Владата на Груевски и на Ахмети

Движењето „Беса“ денеска попладне, ќе одржи мирен протест, на кој, како што соопштуваат оттаму, ќе се „бара оставка на владата на Никола Груевски и на Али Ахмети, расветлување на сите албански вистини во Македонија и нов договор во државата“. Од движењето ги повикуваат сите граѓани, кои ќе се однесуваат во согласност со правилата за ненасилен протест, да се приклучат на...

Чавков ќе притиска Законот за азил да оди по скратена постапка

Во вторник следната недела, на седница на Влада ќе се одлучува по предлог-измените на Законот за азил и привремена заштита, со кој треба да им се олесни транзитот на мигратните низ земјава. Измените на Законот, чиј предлагач е Министерството за внатрешни работи (МВР), беа готови и ставени во процедура уште на почетокот на мај, но и по месец и полoвина...

Ердоган повикува на брзо формирање влада

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара ги повика политичките партии „што е можно побргу“ да ја формираат новата влада, по парламентарните избори одржани пред четири дена на кои неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) го загуби мнозинството по 13 години власт. - Сега секој мора да го стави егото на страна... за што побргу да се...

Пред Влада ќе се отвори пункт за донации за азилантите

Од денеска до недела, во „Кампот на слободата“ ќе има отворен пункт за собирање донации за помош на азилантите што транзитираат низ Македонија. Пунктот ќе биде поставен кај централната бина, пред Влада. Секој што сака, може да помогне со донирање пилешки паштети, кроасани, енергетски штангли, урми, вода, затворени обувки за пешачење, чорапи, фластери, кенгури за бебиња и пелени. На тема „Да им помогнеме на...

Нова „бомба“ пред Влада

„Бомбата“ број 37, денеска ќе „пука“ пред Владата. Според неофицијални информации, „бомбата“ ќе биде за невладините организации. Најверојатно прес-конференцијата ќе се одржи во 14 часот. Новата „бомба“ ја најави портпаролот на партијата Петре Шилегов, на својот профил на социјалната мрежа „Фејбук“.

Во Скопје се скрши едно копје, другите ќе се докршуваат во Брисел

Пред да се одржи средбата на претседателите на СДСМ, Зоран Заев, и на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во Брисел, сè уште е нејасно што, всушност, е постигнато на преговорите што во вторникот се одржаа во резиденцијата на ЕУ во Скопје, со посредство на еврокомесарот Јоханес Хан. Иако и двете партии имаа свои ставови околу тоа како да се реши политичката криза, се...

Орав: Поважен е интересот на граѓаните од интересот на партиите

Овој состанок беше планиран долго време, не е поврзан со вчерашните преговори и ние имаме намера да се состанеме и со другите политички лидери колку што е можно побргу, изјави евроамбасадорот Аиво Орав по денешната средба со премиерот Никола Груевски во Владата, на која присуствувале и повеќе министри. - Денеска дискутиравме за можните решенија за излез од моменталната политичка криза...

Заев се сретна со Мартин Безак, амбасадорот на Словачка

Зоран Заев, придружуван од Виктор Габер, денеска се сретна со амбасадорот на Република Словачка, Мартин Безак. Шансите за можно отворање преговарачки процес за решавање на длабоката политичка криза во Македонија била една од темите за кои дискутирале на средбата. Како што пишува во соопштението на СДСМ, Заев ја објаснил принципиелната позиција на опозицијата дека преодна влада, односно модалитети на влада, што...

Груевски: Влада може да состави само народот на избори

Нашиот став беше и ќе биде дека Влада може да состави само народот и граѓаните на Република Македонија на избори и дека не може одредени политички партии да прават математики, проекции или планови за создавање или влегување во влада без да ја добијат поддршката на граѓаните на избори, изјави премиерот Никола Груевски на отворањето на економската зона во Делчево. -...

Владата распиша оглас за економски промотор за Индијанаполис и за Монтреал

Владата на Република Македонија, преку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, објави оглас за пројавување интерес за економски промотор, и тоа за еден извршител во Индијанаполис (САД) и за еден извршител во Монтреал (Канада). - Нашата цел е да бидат избрани најспособните и најквалитетните кандидати, кои потоа со своите способности ќе можат да придонесат во општиот економски развој на...

Пронајдена експлозивна направа пред Владата

Скопјанец пред две седмици нашол минско-експлозивна направа со ознака AGL 30мм, пред Владата на Реублика Македонија. Како што соопштија од МВР, завчера попладне во полициска станица Кисела Вода случајот го пријавил Ц.Д. (1952) од Скопје, кој рекол дека направата ја нашол кај кафеаната „Кај Жабарот“, која е веднаш до Владата, на кејот на Вардар.  

Владата додели 16 грантови на фирми за иновации

Четиристотини и педесет илјади евра се доделени во вид на кофинансирани грантови на 16 компании во развој или во фаза на ребрендирање, во рамки на првиот јавен повик за предлог-проекти на Фондот за иновации и технолошки развој. Половина од избраните проекти за финансирање, се од информатичките области, а останатите се од различни сфери. Од 78 пристиганти апликации, 25 отсто од апликантите...

Фуере: Единствено решение за Македонија е владата да поднесе оставка

На Годишната конференција од Регионалната програма за истражување, во организација на Институтот „Отворено општество“ и Универзитетот од Фрајбург, во Охрид се води дебата на тема „Предизвиците на Балканот“. Поранешниот евроамбасадор во земјава, Ерван Фуере, состојбата во Македонија ја оценува како драматична. Тој ја обвини Владата дека не ги почитува демократските принципи и правилата на ЕУ, како и дека целосно го има изгубено...

Љупчо Андоновски и Горанчо Савески, нови директори на УБК и на БЈБ

Љупчо Андоновски го наследува досегашниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, а Горанчо Савески е нов директор на Бирото за јавна безбедност при МВР, на местото на Митко Чавков, кој стана министер за внатрешни работи, јавува „Телма“. Ова е одлуката на денешната седница на Владата на РМ. Изборот на нови директори е по оставките на Сашо Мијалков и на Гордана Јанкулоска.

Денеска ќе се избираат директори на УБК и на БЈБ

На денешната седница, македонската влада ќе решава кој ќе го замени Сашо Мијалков, досегашниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Тој пред две недели поднесе оставка, како што наведе, за да придонесе во надминувањето на политичката криза во земјата. На седницата, владата треба да расправа и за тоа кој ќе биде нов директор на Бирото за јавна безбедност. Досегашниот...

Заев: Сега е моментот да ги тргнеме сите предрасуди на страна

Неколку стотини граѓани ја проследија дебатата „Каква Македонија сакаме по излезот од политичката криза“ во „Кампот на слободата“ пред Владата, во која учествуваа претставници на граѓанските организации и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Во првиот циклус говореа Наталија Поповска од „Транспарентност Македонија“, која истакна ставови за трошењето јавни пари, а уредникот на „Алсат М“, Мухамед Зекири, кој зборуваше за медиумите, јавниот сервис,...

Дебата во кампот пред Владата: Каква Македонија сакаме по излезот од политичката криза?

Во „Кампот на слободата“ пред Владата, денеска во 18 часот ќе се одржи дебата на тема „Каква Македонија сакаме по излезот од политичката криза? Визии, позици и политики“. На оваа тема ќе дебатираат претставници на граѓанските организации и претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Говорници од граѓанскиот сектор ќе бидат Наталија Поповска од „Транспарентност Македонија“, Мухамед Зекири – новинар, Дона Костуранова од Национален младински...

Денеска се одбележува Денот на македонскиот јазик

Денеска, на 5 Мај, во земјава се одбележува Денот на македонскиот јазик. Претседателот Стево Пендаровски истакна дека откако пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука, континуираниот развој на...