Во Скопје се скрши едно копје, другите ќе се докршуваат во Брисел

-

Пред да се одржи средбата на претседателите на СДСМ, Зоран Заев, и на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во Брисел, сè уште е нејасно што, всушност, е постигнато на преговорите што во вторникот се одржаа во резиденцијата на ЕУ во Скопје, со посредство на еврокомесарот Јоханес Хан.

Иако и двете партии имаа свои ставови околу тоа како да се реши политичката криза, се чини дека тешко ги остваруваат своите цели.

Според Заев, докоментот содржи добра почетна основа, која сега треба да ја испочитуваат сите потписници.

– Во документот е прецизно наведена обврската за влада што треба да ги организира следните избори. Клучно, дали ќе биде постигнат договор на 10 јуни во Брисел, е да се договори профилот на таа влада. Ставот на опозицијата е познат за јавноста, дека е прифатлив секој формат и состав на влада во која нема да бидат Груевски и креаторите на кризата во Македонија. Доколку тоа не се постигне, СДСМ ќе одбие почнување преговори и ќе продолжи со утврденото вонинституционално дејствување – рече тој.

За Груевски, потребна е максимална конструктивност без шпекулации, без лажни силења или ширења лажни изјави.

– Да се продолжи и да се постигне она што е важно за државата и она што ѝ е потребно на државата, стабилност и сигурност. Ги повикувам сите кои ѝ сакаат добро на државата да се однесуваат позитивино и конструктивно. Вчерашниот наш чекор е покажување и сигурност дека ние веруваме и цврсто сме убедени дека граѓаните ќе ја одберат повторно оваа опција, а не опцијата на деструктивност, на ширење омраза, нема да ја одберат опцијата со која се сака да се нанесе штета на државата заради партиски или личен интерес на некого или некој да дојде на власт. Таа опција повторно ќе биде поразена – изјави Груевски.

Познати и решени работи се:

  • Избори до крајот на месец април 2016 година.

Делумно решени работи се:

  • Транзициска влада без да се знае нејзиниот состав;
  • Нема да важи договореното ако не се договри транзициска влада;
  • Промена на Изборниот законик;
  • Прочистување на избирачкиот список.

Непознати работи се:

  • Дали ќе се спроведе попис;
  • Дали ќе има промена на јавниот обвинител;
  • Дали ќе има смена на раководниот кадар на МТВ.

Не е точно дека Министерството за образование нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за сите

Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава...