fbpx

Ердоган повикува на брзо формирање влада

-

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара ги повика политичките партии „што е можно побргу“ да ја формираат новата влада, по парламентарните избори одржани пред четири дена на кои неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) го загуби мнозинството по 13 години власт.

– Сега секој мора да го стави егото на страна… за што побргу да се формира нова влада – рече Ердоган во првото обраќање пред јавноста по изборите.

АКП на изборите во недела повторно беше прва, но со 40,8 отсто од гласовите, губејќи речиси 10 отсто од гласовите. Така партијата на Ердоган освои само 258 од 550 места во Парламентот.

Двајцата главни противници на АКП, републиканската народна партија (ЦХП) и партијата за националистичка акција (МХП) имаат 132, односно 80 места.

Прокурдската партија ХДП (Демократска партија на народот) постигна историски резултат, освојувајќи 80 пратенички места.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...