fbpx

Груевски: Влада може да состави само народот на избори

-

Нашиот став беше и ќе биде дека Влада може да состави само народот и граѓаните на Република Македонија на избори и дека не може одредени политички партии да прават математики, проекции или планови за создавање или влегување во влада без да ја добијат поддршката на граѓаните на избори, изјави премиерот Никола Груевски на отворањето на економската зона во Делчево.

– Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, се подготвуваме со различни идеи за разговорите со комесарот Хан, за да бидеме максимално конструктивни и да придонесеме во решавањето на политичката криза и неговото доаѓање да заврши со успех. Тоа не зависи само од нас бидејќи има и друга страна во разговорите, а токму затоа не сакам да бидам ниту песимист, ниту оптимист зашто не можам да претпоставам како другата страна ќе настапи – рече Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...