fbpx

Дебата во кампот пред Владата: Каква Македонија сакаме по излезот од политичката криза?

-

Во „Кампот на слободата“ пред Владата, денеска во 18 часот ќе се одржи дебата на тема „Каква Македонија сакаме по излезот од политичката криза? Визии, позици и политики“. На оваа тема ќе дебатираат претставници на граѓанските организации и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Говорници од граѓанскиот сектор ќе бидат Наталија Поповска од „Транспарентност Македонија“, Мухамед Зекири – новинар, Дона Костуранова од Национален младински совет на Македонија, Ирена Стефоска од „Вокс академика“, Никола Писарев од Центар за современи уметности, Уранија Пировска од Хелсиншки комитет за човекови права, Славчо Димитров од Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ и Владимир Лазаревик од „Хелтгрупер“.

Модератор на дебатата ќе биде Марјан Забрчанец од Платформа за граѓанска политика „Ајде“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...