Движењето „Беса“ денеска на протест, ќе бара оставки на Владата на Груевски и на Ахмети

-

Движењето „Беса“ денеска попладне, ќе одржи мирен протест, на кој, како што соопштуваат оттаму, ќе се „бара оставка на владата на Никола Груевски и на Али Ахмети, расветлување на сите албански вистини во Македонија и нов договор во државата“.

Од движењето ги повикуваат сите граѓани, кои ќе се однесуваат во согласност со правилата за ненасилен протест, да се приклучат на денешниот настан.

– По сето тоа што се случи во Македонија, по сите објавени „бомби“, правниот систем е паднат и ние сметаме дека за Македонија е потребен еден нов договор на сите граѓани. Да отвориме процедура за редефинирање на државата, да почнеме еден процес за една нова, стабилна и развиена држава, каде Албанците ќе бидат уставотворен народ – изјави портпаролот на движењето „Беса“, Африм Гаши.

Протестот е предвидено да почне околу 17 часот во Чаир, а потоа присутните ќе маршираат до мостот Гоце Делчев, во близина на Владата, од каде ќе ги упатат своите пораки и ќе одржат неколку говори.

„Токио Гејм Шоу“ се одржа минатиот викенд

Минатиот викенд се одржа овогодишното издание на „Токио Гејм Шоу, можеби настанот со најинвентивни идеи од светот на видео-игрите. Оваа година целата манифестација пријатно ги изненади сите гејмери ширум...