fbpx

Пакетот на Ципрас чека одобрување од парламентот

-

Грчкиот парламент денеска ќе гласа за новиот пакет мерки и реформи што владата на Алексис Ципрас ги поднесе до европските кредитори.

Се работи за пакет идеи, реформи, мерки со кои Грција бара нов заем во висина од 53, 5 милијарди евра за следните три години, поконкретно од 1 јули годинава до 30 јуни 2018 година, со кои ќе се осигураат нејзините финансиски потреби и обврски.

Голем дел од мерките покажуваат грчки отстапки од црвените линии, дел од нив се во иста линија со претходните предлози на првиот човек на Комисијата, Жан-Клод Јункер, само со малку подолг рок за имплементирање од оној што го предлагаа кредиторите.

Вклучени се мерки за зголемување на дел од даноците, прифаќање на законите за намалување на пензиите, приватизација на железницата, пристаништата, зголемувања на даноците за побогатите слоеви и на данокот за луксуз, како и на даноците за фирмите.

Црвената линија што останува и не се брише од грчкиот пакет е барањето да почне разговор за реструктуирање на грчкиот долг. Владата во идеите споменува да се договори помал примарен суфицит, од 1 до 3 отсто од грчкото БДП, со оглед да влошената ситуација во економијата.

Дел од клучните мерки што ги предлага грчката влада се:

– Итно реформирање на даночниот систем, унифицирање на данокот на додаена вредност на 23 отсто, вклучувајќи ги во ова и рестораните, намалување на ДДВ за основни хранбени производи, енергија, хотели и вода на 13 отсто и дополнително намален ДДВ за лекови, книги и за театар;
– Откажување од поволностите, односно попустот од 30 отсто за ДДВ на островите поради нивната оддалеченост до крајот на 2016 година, освен за побогатите и туристички популарните острови. Одново разгледување на условите за ДДВ на крајот на 2016 година;
– Укинување на додатокот за социјална помош од солидарност за пензионерите во 2020 година, а потоа формирање нов механизам за социјална помош;
– Укинување на клаузулата за нула дефицит до октомври 2015 година;
– Постепено укинување на специјалниот даночен третман за земјоделците и укинување на субвенциите за нафта;
– Зголемување на даноците за компаниите од 26 на 28 отсто;
– Нов предлог за целосен план за справување со даночното избегнување преку проверка на непријавени средства и имот со контрола на банкарските размени во Грција и во странство, програма со соодветни казни, мотивација за пријавување данок инспирирана од најдобрите меѓународни примери;
– Мерки за намалување на бирократијата и креирање ефективен едношалтерски систем;
– Подобрување на кривичниот закон за даночно избегнување;
– Зголемување на даноците за поморските компании и укинување на поволностите за нив;
– Зголемување на данокот за луксуз;
– Завршување на тендерите за приватизација на регионалните аеродроми, железницата, пристаништата во Пиреја и во Солун;
– Намалување на трошоците за армијата за 100 милиони евра во 2015 година и 200 милиони евра во 2016 година;

Со итното денешно гласање на мерките, парламентот ќе треба, во суштина, да му даде целосна поддршка и легитимитет на пакетот и на Ципрас да може да се оди обединето кон преговорите со Брисел, кои почнуваат со утрешниот состанок на Еврогрупата, а ќе се финализираат в недела, на Самитот на ЕУ кој ќе одлучи дали Грција ќе добие зелено светло или не.

Првите реакции во Грција се дека се работи за строги мерки, проширен и поинтензивиран пакет од оној на Јункер. Постојат коментари и стравови дали предлогот ќе им биде доволен на кредиторите со оглед на тоа што работите по референдумот и финансиски и социјално се влошени, а кредиторите држат уште построг став и барања за конструктивни и ефективни мерки од владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...