fbpx

Владата го усвои Законот за азил, на ред е Собранието

-

На синоќешната седница, Владата ги усвоила предлог-измените на Законот за азиланти и привремена заштита, по итна постапка, изјави за „Мета“ портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Законот е испратен во Собрание и, како што информираат од Владата, ќе биде разгледуван на првата наредна седница, која ќе се одржи во текот на оваа или идната недела.

Извори од Собрание за „Мета“ велат дека седницата на која ќе се разгледуваат измените на Законот, кој ќе биде донесен по итна постапка, е закажана за понеделник следната недела.

На седницата, било формирано координативно тело – работна група, составена од министрите за внатрешни работи, за надоврешни работи, министерот за здравство, труд и социјална политика и за локална самоуправа.

Координативното тело кое ќе ја следи состојбата со мигрантите, уште денеска ќе го има својот прв состанок, а за деталите се очекува да информира во текот на денот.

Претставниците на министерствата во работната група, ќе заседаваат на дневна основа сè додека трае кризата со мигрантите.

Со предложните измени во Законот за азил и привремена заштита, „му се овозможува на странецот на граничен премин или во внатрешноста на територијата на Република Македонија пред полициски службеник на МВР да искаже намера дека ќе поднесе барање за признавање право на азил и да биде упатен во рок од 72 часа да поднесе барање за признавање право на азил пред овластено службено лице на Одделението за азил во просториите на Прифатниот центар за баратели на азил“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...