fbpx

СДСМ: Единствен успех на Груевски е што поради неговите политики 250.000 млади се иселија од Македонија

-

Единствениот „успех“ на Никола Груевски за младите во Македонија е тоа што поради неговите лоши, погрешни и криминални политики, повеќе од 250.000 млади луѓе се иселија од земјава, реагираат од СДСМ на говорот на премиерот Никола Груевски на конференцијата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„Груевски е изворот, суштината на бројните проблеми во Македонија и само негово заминување е опција за нивно решавање. Креаторот на сите проблеми во Македонија, виновникот за иселувањето на младите, за економското пропаѓање на земјава и за најдлабоката политичка и државна криза, Никола Груевски, очигледно има голема потреба да го смирува своето членство со лажно силење и со говори полни со излитени фрази. Човекот кој е на власт преку изборни манипулации и злоупотреби, кој заедно со своите најблиски соработници владее со измами, притисоци, уцени и лично е вмешан во милионски криминални зделки, е уплашен од соочувањето со сопствената одговорност“, пишува во реакцијата на СДСМ.

Во соопштението се вели дека кај премиерот се гледал стравот, паниката, агонијата од губењето на власта и од соочувањето со сите криминали и сите злоупотреби што ги направил во изминатите години.

„Затоа Груевски по секоја цена сака да избега од фер, слободни и демократски избори. Затоа што на фер и демократски избори народот ќе му испорача на Груевски огромен, катастрофален пораз, по кој целосно ќе биде збришан од политичката сцена. Од таков изборен пораз Никола Груевски нема да може да избега. Граѓаните чувствуваат дека тоа е стратегиски интерес за Република Македонија и за нејзината иднина. Слободни, фер и демократски избори може да обезбеди само влада без Никола Груевски. Заминувањето на Никола Груевски и на неговите соработници е неминовност што ќе се случи“, реагираат од опозицискиот СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...