fbpx

Каменос: Продолжуваме да ја поддржуваме владата на Ципрас

-

Коалицискиот партнер на Алексис Ципрас, Панос Каменос и Независни Грци, ќе продолжат да ја поддржуваат владата. Каменос најави дека ќе гласаат за мерките, но само за тие што беа договорени на лидерската средба меѓу СИРИЗА, Независни Грци, ПАСОК, Река и Нова демократија.

Според него, европските кредитори се обидуваат преку договорот да ја срушат грчката влада и Независни Грци нема да дозволат да помине овој обид.

„Пучот продолжува во Грција. Некои сакаат да падне владата и да добијат нова влада која не ја избра грчкиот народ. Нема да дозволиме да се случи пуч. Независни Грци ја поддржуваат владата“, истакна Каменос, коментирајќи дека нема да дозволат наместо народот, да одлучува некој во Берлин.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...