fbpx

Почнаа преговорите за коалициона влада во Данска

-

Политичките партии во Данска почнаа да разговараат за формирање коалициона влада, два дена по изборите на кои се покажа дека Данската народна партија (ДПП), позната по евроскептицизмот и по антимиграционите ставови, е втора сила во земјата.

Ларс Расмусен, лидерот на опозициската Либерална партија на десниот центар, почна консултации затоа што од кралицата Маргарет доби мандат за формирање влада, која ќе го замени кабинетот на премиерката Хеле Торинг-Шмит.

– Ќе разговараме со сите партии кои се застапени во парламентот, а прва на ред ќе биде ДПП – рече Расмусен, кој настојува да формира коалиција на трите десничарски партии што заедно го освоија мнозинство на изборите.

Лидерот на ДПП, Кристијан Тулсен Дал, претходно изјави дека неговата партија нема да влезе во владата ако нема можност ефикасно да влијае на политиката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...