fbpx

На Попова Шапка почнаа Балканските планинарски средби

-

На Попова Шапка почнаа 18. по ред Балкански планинарски средби, манифестација која утре ќе продолжи во Лешок и во Тетово. На средбите присуствуваа околу 150 планинари од сите земји од Балканот. Домаќин на манифестацијата е Планинарскиот клуб „Љуботен“, кој средбите ги организираше и во 2005 година.

– За денеска планираме да организираме три различни планинарски тури, од Попова Шапка до Јелак, од Попова Шапка до Плат или Првата лешничка карпа и третата тура е искачување до Титов Врв, но од северна страна. В недела ќе го посетиме манастирскиот комплекс во Лешок, а претходно во Тетово во Музичкото училиште „Тодор Скалоски-Тетоец“ ќе организираме изложба на стари разгледници од Шар Планина од 1934 година до 2014 година. Целта на средбите е планинарите да се дружат и да разменуваат искуства – изјави Јован Божиновски, претседател на ПК „Љуботен“

Планинарскиот клуб „Љуботен“ годинава бележи 90 години од своето формирање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...