fbpx

Елисавета и Оливер се годинешните младоженци на Галичка свадба

Традиционално, почетокот на годинешната Галичка свадба ќе се означи во сабота на 15 јули со симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот и поставување на свадбарскиот бајрак

-

Елисавета Булоска и Оливер Андреевски кој по потекло е од Галичник, оваа година ќе бидат во центарот на вниманието на најпознатата македонска свадба – Галичка свадба, која ќе се одржи од 14 до 16 јули, соопштуваат организаторите на Галичка свадба.

Традиционално почетокот на годинешната Галичка свадба ќе се означи во сабота на 15 јули со симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот и поставување на свадбарскиот бајрак. Следно ќе се изведат познати свадбарски ритуали како „пречек на тапаните“ и „свекрвино оро“, а ќе биде одиграно и „Тешкото“ – оро кое го симболизира испраќањето и пречекот на печалбарите, што била честа појава во галичките краеви.

Пред познатата чешма Упија, ќе бидат одиграни „невестинското” и останатите свадбени ора.

„Вечерта, сватовите со борина во рака, ќе ја носат девојката да наполни вода на три чешми, а веселбата ќе продолжи до раните утрински часови. Во недела наутро ќе се случат познатото гледање низ прстен, пречек на сватовите, земање невеста и нејзиниот пречек на платото на Упија како и враќањето и пеењето обредни песни изведени од пејачка група“, се вели во официјалното соопштение.

Младенците ќе бидат венчани во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Галичник, а свадбената свеченост ќе заврши со испраќање на тапанџиите и зурлаџиите.

„Особено сум среќна што го чествуваме овој јубилеј, зошто и самата потекнувам од семејство кое што е дел од основоположниците, оние што почнаа да ја организираат Галичката свадба. Тоа беше генерација која растеше во Галичник, беа родени таму, таму се венчаваа, свиваа гнезда и плашејќи се Галичник и целата историја, традиција и култура да не отидат во заборав, почнаа да ја организираат оваа манифестација“, изјави Ана Сариевска, режисерка на манифестацијата, задолжена за координација и изведба на обредниот дел од свадбата.

За да можат сите посетители да уживаат во Галичката свадба, во деновите на одржување ќе има специјален сообраќаен режим.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...