fbpx

Во Галичник се жалат на зголемениот број мечки, им ги превртувале контејнерите за да се нахранат

Мечките во Македонија со Законот за ловство се трајно заштитен дивеч кој не смее да се лови. Искуства од други делови на земјава, како на пример на Шар Планина покажува дека членовите на здруженија за заштита на мечките се обидуваат да му помогнат на овој редок и заштитен дивеч да преживее

-

Од Месната заедица Галичник бараат решение за мечките во Галичник, бидејќи, како што велат, одомаќинетите диви животни во населени места претставуваат опасност за населението.

Во дописите до Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и до Државниот инспекторат за ловство Месната заедница „Галичник“ укажува на растечкиот проблем со присуство на мечки, но велат дека „не бараат отстрел на мечките и го поддржуваат биодиверзитетот на Бистра“.

Дописи биле доставени преку архивите на двете институции во 2019 и 2020 година, а минатата недела се обратиле и до Инспекторатот.

„Апелираме надлежните да дејствуваат и да дадат насоки на локалното население“, велат од месната заедница.

Оттаму додаваат дека мечките ги превртуваат контејнерите и се хранат себе и своите малечки.

„Тоа ни создава проблем со загадување и обврска секојдневно да ги исправаме контејнерите и да го враќаме отпадот во нив“, велат од Месната заедница „Галичник“.

Инаку, мечките во Македонија со Законот за ловство се трајно заштитен дивеч кој не смее да се лови.

Искуства од други делови на земјава, како на пример на Шар Планина, според медиумските написи, покажува дека членовите на здруженија за заштита на мечките се обидуваат да му помогнат на овој редок и заштитен дивеч да преживее. Па така, на неколку места на мечките им оставаат храна и вода, а имаат поставено и видео камери од каде гледаат како овие животни го поминуваат времето во шумите.

Ирфан Селими, претседател на здружението за Радио Слободна Европа објасни дека ги хранат за да не се случува мечките да ги напаѓаат другите животни и пчелите во потрага по храна, па од тие причини им се носи пченка, зеленчук и јаболка во посебни ранилици.

Постојаното уништувањето на шумите, шумските плодови и растенија кои се храна за мечките па дури и криволовството се причини за се помалку да ги има овие животни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...