fbpx

Повредена млада мечка на патот Тетово-Непроштено по удар од автомобил

Во возилото кое удрило во мечката се наоѓало локално семејство, татко, мајка и три мали деца, кои се здобиле со полесни повреди

-

Доцна вечерва на локалниот пат Тетово – с. Непроштено патничко моторно возило удрило во млада мечка која го минувала патот заедно со мајката и уште две помали мечиња, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во возилото кое удрило во мечката се наоѓало локално семејство, татко, мајка и три мали деца.

„Од ударот сите биле под голем стрес а децата се здобиле со лесни повреди“, известува ЦУК.

Екипи на МВР извршиле увид и го обезбедиле местото на несреќата.

Мечката во која удрило возилото била повредена, на почетокот безмалку неподвижна, а потоа со ограничени движења. Околу еден час подоцна почнала да се движи и постепено се оддалечила од местото на несреќата.

„Во овој момент големата мечка, најверојатно мајка на мечињата, со двете помали мечиња се наоѓа од десната страна на патот гледано од насока на Тетово кон с. Непроштено, додека повредената млада мечка се наоѓа од другата страна на патот. Се работи за урбана средина со повеќе куќи и голема раздвиженост на возила и луѓе поради што ги повикуваме надлежните институции да ги преземат сите неопходни дејствија со кои ќе се гарантира безбедноста на граѓаните, но воедно го повикуваме и невладините организации од оваа област да се вклучат и да предложат мерки и постапки со кои ќе им се помогне на повредената млада мечка како и на големата мечка со двете останати млади мечки“, апелира ЦУК.

ЦУК ги предупредува граѓаните да го избегнуват движењето на местото на несреќата како и непосредната околина или да бидат исклучително внимателни бидејќи се очекува мајката да го бара своето младенче.

Рано наутро ќе патролираат екипи на Националниот парк Шар Планина.

Од ЦУК ја разгледувале можноста повредената мечка да биде успиена со опојно средство, а потоа преместена и згрижена на соодветно место, како на пример ЗОО Скопје, каде би ѝ се пружила медицинска нега, но наишле на повеќе формално-правни и функционални недостатоци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Песните на изведувачите од „Јуниверзал“ се враќаат на ТикТок

Музиката на изведувачите под крилото на мултинационалната музичка корпорација „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе се врати во ТикТок откако двете страни склучија нов договор за компензација на артистите по...