Вулканска ерупција во близина на Рејкјавик

Вулкан еруптираше на околу триесет километри од главниот град на Исланд, Рејкјавик, што е трет пат во последните две години да истекува лава во областа.

Photo by Kees Kortmulder on Unsplash

Вулкан еруптираше на околу триесет километри од главниот град на Исланд, Рејкјавик. Ова е трет пат во последните две години да истекува лава во оваа област, пренесува Гардијан.

Илјадници помали земјотреси биле регистрирани околу областа во текот на неделата пред ерупцијата, што сигнализирало дека магмата под земјата се движи и дека ерупцијата е неизбежна.

Исландските власти советуваат да не се оди на локацијата пред да ја проценат ситуацијата.

Магмата протекла во околу четири часот попладне на само неколку километри од локациите на претходните ерупции што се случиле во изминативе две години.

Исланд моментално има 33 вуклани кои се сметаат за активни, што е најголем број во Европа. Во просек, ерупција се случува на пет години.