fbpx
Таг: ученици

таг: ученици

Родителите до утре во училиштата да ги достават документите за финансиска помош

Голем е интересот кај родителите за добивање финансиска помош за основците и средношколците од страна на државата. Родителите можат да ги достават документите во училиштата до утре (до понеделник училиштата треба да ги достават документите во МОН). Потребно е да се обезбедат документите кои беа наведени во јавниот повик што го објави Министерството за образование и наука (МОН). „Родителите/старателите кои...

Се поедноставува процесот на аплицирање за финансиска поддршка за учениците и студентите

Во врска со двата јавни повици за финансиска поддршка на учениците во основните и во средните училишта, како и за студентите, Министерството за образование и наука (МОН) информираше дека процесот на аплицирање се поедноставува, со цел да се излезе во пресрет на барањата на дел од потенцијалните апликанти. При пријавување на учениците од основните и средните училишта, родителите/старателите кои не...

Објавен јавниот повик за финансиска помош за ученици, веб-страницата на МОН се отвора со потешкотии

Надлежните во Министерството за образование и наука (МОН) вчера го објавија јавниот повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нетоплата до 50.000 денари. Поради преоптовареност, веб-страницата на МОН се отвора со потешкотии. Јавниот повик содржи информации за тоа кој има право да аплицира за оваа помош. Како што е наведено...

Објавени се резултатите од конкурсите за ученички стипендии

Министерството за образование и наука (МОН) вчера ги објави резултатите од сите конкурси за доделување стипендии за ученици во средните училишта. Висината на сите стипендии, во секоја категорија, изнесува 3.500 денари месечно, а ќе се исплаќаат во траење од девет месеци во текот на учебната година. Сите студенти добитници на стипендии треба да ги симнат соодветните договори за стипендијата што ја...

Ученикот Максим Јосевски најдобар говорник на дебатно првенство за почетници

Ученикот Максим Јовески беше прогласен за најдобар говорник на Националното дебатно првенство за почетници во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ). Второто место го освои Богдан Бањуков, а третото место ѝ припадна на Софија Антова. Во конкуренција на тимови, победија учениците Борјан Стојковски, Леона Ширкова и Ивона Јуркова. Второто место го освои тимот составен од Јована Јаневска и Ана Антовска. Турнирот...

Дојави за поставени бомби во училиштата во Кочани добила Општината

Наставата во првата смена во дел од кочанските основни и средни училишта денеска била прекината поради дојава за поставени бомби. Ваква заканувачка порака утрово била испратена на електронската адреса на Општина Кочани, потврди за Мета.мк кочанскиот градоначалник Љупчо Папазов. Тој не сакаше да ги коментира деталите, но рече дека повеќе информации треба да соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Нејасно е и...

Сојуз на средношколци: Периодов да се внимава на менталното здравје на учениците

Сојузот на средношколци упатува најдлабоко сочуство до блиските на жртвите од последната трагедија, но и до сите деца, родители и граѓани. Нема достојни зборови кои можат да ја опишат нашата тага и потресеност по овие грозоморни настани. Сојузот на средношколци реагира по грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. „Оваа трагедија ќе ни служи како сурова...

Заостанатите стипендии ќе се исплаќаат на трипати, студентите и учениците треба да потпишат спогодба

Сите ученици и студенти кои го оствариле правото на стипендија пред да се зголемат износите на стипендиите, а кои потпишале анекс кон договорот за зголемување на износот на стипендијата, треба да потпишат спогодби и да ги достават до Министерството за образование и наука (МОН) најдоцна до следниот петок, 15 декември. Со овие спогодби се регулира исплатата на разликата во стипендии...

Уште едно двојче за македонските ученици на ПИСА тестирањето

Македонските ученици се повторно меѓу последните од осумдесетина рангирани држави според најновите резултати од ПИСА тестирањето. Од вкупно 81 држава кои беа дел од тестирањето, Македонија е на 61 место според резултатите по математика со постигнати 389 поени. При мерењето на јазичната писменост, односно читање со разбирање, со постигнати 359 поени, рангирани сме на 71 место. По природни науки,...

Цвет, солзи и пишан збор за збогум: Расплаканите другари се простуваа со нивната другарка Вања

Молк, солзи и траурна атмосфера денеска владееше во училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“. Расплакани деца, расплакани наставници и родители, со цветови во рацете и наведнати глави, чекаа во ред да се потпишат во книгата на жалост, која беше отворена утрово за убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска. Голема слика со нејзиниот лик, прекриена со црна лента, беше поставена на катедра пред влезот на...

Ако соученик ве малтретира во вибер група, направете скриншот и пријавете го кај педагогот

Ученик фотографирал соученик во соблекувална пред часот по физичко образование, па потоа фотографијата ја споделил во вибер група во која сите се исмејувале со ученикот-жртва. Девојка споделила фотографија со нејзиниот дечко, но по извесно време, тој ја злоуотребил и ја споделил со сите другари, со намера да ја исмее девојката. Ученичка навредувала своја соученичка во вибер група, пред сите...

Фотографијата од разрушен тоалет во интернатот „Здравко Цветковски“ не е од сега

Фотографијата од ученичкиот дом „Здравко Цветковски“ во Скопје што се споделува на социјалните мрежи, а на која е прикажан разрушен тоалет, е стара. Ова за Мета.мк го изјавија ученици сместени во овој интернет, како и директорот на домот Зоран Арсовски. Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС) вчера утрото на Инстаграм објави фотографија од тоалет на која...

ЕУ критикува: Мал напредок во образованието, буџетот под европскиот просек

Северна Македонија е „умерено подготвена“ во областа на образованието и културата, наведено е во новиот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјава. Во делот за образование, стои дека бил постигнат „ограничен напредок“ во воведувањето на насоки и програми за зајакнување на инклузивноста. Имплементацијата на Стратегијата за образование 2018-2025 продолжила да биде бавна. „Усвојувањето на клучните закони дополнително беше одложено....

Седум деца заболени од салмонела во училишта во Карпош, се испитува храната и хигиената во кујните

Седум ученици кои учат во основните училишта „Владо Тасевски“, „Војдан Чернодрински“ и во „Јан Амос Коменски“ биле заболени од инфекција предизвикана од бактеријата салмонела (dg. sаlmonellozis), потврдија за Мета од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Веќе се земени брисови од вработените во кујните во училиштата, а резултати се очекуваат најдоцна до сабота. Како што информира директорката Рената Младеновска, ДСЗИ...

Учениците кои немаат учебници учат од диктати на наставниците

Додека се чека да завршат сите процедури и конечно учебниците кои недостасуваат да стасаат во училиштата, на часовите се користат материјали за учење. Вакви материјали, кои се налик на учебници но се во скратена верзија, се користат по предметот македонски јазик за шесто одделение, математика за трето, потоа, по предметот историја и општество за шесто одделение и по други...

Oд новиот е-дневник наставниците нема да ги боли глава, уверуваат надлежните

Софтверското решение со единствена база на податоци и централна администрација, заедно со вградените оптимизации треба да ги реши техничките проблеми со внесот на податоците во електронскиот дневник, велат надлежните во Министерството за образование и наука (МОН), на прашањата на Мета.мк поврзани со функционирањето на новиот електронски дневник во кој ќе се внесува целата педагошка евиденција. Ова ќе значи дека...

Објавени се конкурсите за стипендии за учениците

Министерството за образование и наука (МОН) денеска ги објави конкурсите за доделување стипендии на учениците кои се запишани во јавните и приватните средни училишта во земјава во учебната 2023/24 година. Објавени се вкупно девет конкурси. Висината на сите стипендии, во секоја категорија, изнесува 3.500 денари месечно, а ќе се исплаќаат во траење од девет месеци во текот на учебната година. Најмногу...

Основците полагаа државни тестови – не влијаат на оценките, но ќе се утврдува што научиле

На 4 и 5 октомври учениците во основното образование полагаа државни тестови. Во Македонија започна да се спроведува сеопфатно државно тестирање кое системски ги следи постигањата на учениците, а очекувањата се да обезбеди информации околу тоа, колку учениците го совладале материјалот предвиден со наставните програми и кои се деловите каде што учениците имаат повеќе потешкотии. Државни тестови полагаа 2.600 ученици...

Учениците во Тетово се срамат да носат храна од дома, нутриционистите предупредуваат на опасностите од брзата храна

Учениците се срамат да носат храна подготвена дома, а во околината на училиштата во Тетово нема места каде се продава здрава храна. Според нутриционистката Енеса Несими, лошата исхрана, посебно во адолесценцијата, предизвикува дополнителни проблеми, меѓу кои се проблемите со здравјето на срцето, слабеење на крвта и губење на концентрацијата, пишува Порталб.мк. Основните и средните училишта во Тетово немаат доволно продавници...

Германија засега нема да ги забранува мобилните телефони во училиштата, како што планира Британија

Германското здружение на наставници ја отфрла можноста да се забранат мобилните телефони во училиштата, како што е забраната што ја планира британската влада, пишува германската новинска агенција ДПА. „Не може да се спроведе апсолутна забрана за мобилни телефони за сите возрасни групи и за целиот училишен сектор“, изјавил претседателот на здружението Стефан Дул. Во меѓувреме, британската влада подготвува нови упатства со...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...