Објавени се конкурсите за стипендии за учениците

Висината на сите стипендии, во секоја категорија, изнесува 3.500 денари месечно, а ќе се исплаќаат во траење од девет месеци во текот на учебната година

Фото: Vidhyarthi Darpan from Pixabay

Министерството за образование и наука (МОН) денеска ги објави конкурсите за доделување стипендии на учениците кои се запишани во јавните и приватните средни училишта во земјава во учебната 2023/24 година. Објавени се вкупно девет конкурси.

Висината на сите стипендии, во секоја категорија, изнесува 3.500 денари месечно, а ќе се исплаќаат во траење од девет месеци во текот на учебната година.

Најмногу стипендии – вкупно 1.500 – ќе бидат доделени за ученици и ученички кои се запишани во паралелки со стручно образование во кои ќе се реализира и практично образование со зголемен број часови согласно програмите за стручно образование, освен учениците од здравствените струки од јавните средни училишта.

Понатаму, 900 стипендии ќе бидат доделени за социјална поддршка на ученици и ученички од државните средни училишта, а покрај ова се предвидени и стипендии за талентирани ученици – уметници и спортисти, ученици на наставни програми од угостителство и туризам, шумарство и обработка на дрво, градежништво и геодезија, земјоделство-рибарство и ветеринарство, машинство и текстил, како и ученици со посебни потреби и ученици кои се деца без родители.

Учениците што ги исполнуваат условите е потребно да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација за секоја категорија на порталот „е-услуги“ на МОН.

Крајниот рок за аплицирање за ученичките стипендии е 1 ноември.

Списоците со избраните кандидати-добитници на стипендија ќе бидат објавени на 1, односно на 18 декември – зависно од категоријата на стипендијата.

Сите студенти добитници на стипендии по објавувањето на списоците ќе треба да потпишат договор за стипендија со МОН, а оние што нема да го почитуваат рокот, ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата – велат од МОН во конкурсите.

Условите, потребната документација, како и целата содржина на конкурсите може да се најдат на линковите подолу: