Таг: ученици
таг: ученици
Неделава родителите ќе имаат по 20 евра на сметка за нивните деца
Во следниве неколку денови ќе започне исплатата на парите наменети како финансиска помош за основците и средношколците во државата, потврдија од Министерството за образование и наука (МОН) за Мета.мк.
„Сите родители/старатели кои имаат доставено документи и ги исполнуваат условите за остварување на правото, во следните неколку денови ќе добијат пари на своите трансакциски сметки“, информираат оттаму.
Оние родители кои ќе бидат...
Ученици и наставници во Шуто Оризари учеа за климатските промени и заштита на животната средина
Најмалку 150 ученици Роми од основните и средното училиште во Шуто Оризари учествуваа во работилници за подобрување на нивното здравје, за климатските промени и за заштита на животната средина. Работилниците за подигнување на јавната свест и за подобрување на капацитетите, знаењето и вештините на учениците за поврзаноста на климатските промени, здравата околина за живеење и подобрување на здравјето се...
„Нова година во последен миг“, ученичка претстава со важна лекција за возрасните
Две дечиња бараат од нивниот татко да ја накитат заеднички новогодишната елка, но тој ги одбива велејќи им дека не е во можност бидејќи е преморен од работа. Во следна сцена, жена го чека сопругот да се врати од работа за да руча целото семејство, но тој не доаѓа дома после работа.
Во претстава насловена како „Нова година во последен...
Објавен конкурс за стипендии за ученици од дуални паралелки од здравствена струка
Министерството за образование и наука (МОН) објави конкурс за доделување 500 стипендии за ученици кои ќе се запишат во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број часови согласно програмите за стручно образование од здравствена струка, односно дуални паралелки од здравствена струка за учебната 2023/24 година.
Право на стипендија имаат учениците кои постигнале минимум...
Повикот за финансиска поддршка за учениците истекува денес, студентите имаат рок до утре
До денес (недела, 24 декември) трае рокот за пријавување на јавниот повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето-плата од до 50.000 денари.
Начинот на пријава е опишан во повикот објавен од страна на Министерството за образование и наука (МОН), кое обезбеди и одговори на најчесто поставуваните прашања за...
Објавени се резултатите од конкурсот за стипендии за средношколци од дуални паралелки
Министерството за образование и наука (МОН) денеска ги објави резултатите од конкурсот за стипендии за средношколци од дуални паралелки.
Потребно е секој добитник на стипендија да го симне и пополни во три примероци договорот за стипендија и заедно со копија од лична трансакциска сметка да го достави до МОН, директно преку писарницата во министерството или по пошта – препорачана пратка...
Родителите до утре во училиштата да ги достават документите за финансиска помош
Голем е интересот кај родителите за добивање финансиска помош за основците и средношколците од страна на државата. Родителите можат да ги достават документите во училиштата до утре (до понеделник училиштата треба да ги достават документите во МОН). Потребно е да се обезбедат документите кои беа наведени во јавниот повик што го објави Министерството за образование и наука (МОН).
„Родителите/старателите кои...
Се поедноставува процесот на аплицирање за финансиска поддршка за учениците и студентите
Во врска со двата јавни повици за финансиска поддршка на учениците во основните и во средните училишта, како и за студентите, Министерството за образование и наука (МОН) информираше дека процесот на аплицирање се поедноставува, со цел да се излезе во пресрет на барањата на дел од потенцијалните апликанти.
При пријавување на учениците од основните и средните училишта, родителите/старателите кои не...
Објавен јавниот повик за финансиска помош за ученици, веб-страницата на МОН се отвора со потешкотии
Надлежните во Министерството за образование и наука (МОН) вчера го објавија јавниот повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нетоплата до 50.000 денари. Поради преоптовареност, веб-страницата на МОН се отвора со потешкотии.
Јавниот повик содржи информации за тоа кој има право да аплицира за оваа помош. Како што е наведено...
Објавени се резултатите од конкурсите за ученички стипендии
Министерството за образование и наука (МОН) вчера ги објави резултатите од сите конкурси за доделување стипендии за ученици во средните училишта.
Висината на сите стипендии, во секоја категорија, изнесува 3.500 денари месечно, а ќе се исплаќаат во траење од девет месеци во текот на учебната година.
Сите студенти добитници на стипендии треба да ги симнат соодветните договори за стипендијата што ја...
Ученикот Максим Јосевски најдобар говорник на дебатно првенство за почетници
Ученикот Максим Јовески беше прогласен за најдобар говорник на Националното дебатно првенство за почетници во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ). Второто место го освои Богдан Бањуков, а третото место ѝ припадна на Софија Антова.
Во конкуренција на тимови, победија учениците Борјан Стојковски, Леона Ширкова и Ивона Јуркова. Второто место го освои тимот составен од Јована Јаневска и Ана Антовска.
Турнирот...
Дојави за поставени бомби во училиштата во Кочани добила Општината
Наставата во првата смена во дел од кочанските основни и средни училишта денеска била прекината поради дојава за поставени бомби.
Ваква заканувачка порака утрово била испратена на електронската адреса на Општина Кочани, потврди за Мета.мк кочанскиот градоначалник Љупчо Папазов.
Тој не сакаше да ги коментира деталите, но рече дека повеќе информации треба да соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Нејасно е и...
Сојуз на средношколци: Периодов да се внимава на менталното здравје на учениците
Сојузот на средношколци упатува најдлабоко сочуство до блиските на жртвите од последната трагедија, но и до сите деца, родители и граѓани. Нема достојни зборови кои можат да ја опишат нашата тага и потресеност по овие грозоморни настани. Сојузот на средношколци реагира по грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.
„Оваа трагедија ќе ни служи како сурова...
Заостанатите стипендии ќе се исплаќаат на трипати, студентите и учениците треба да потпишат спогодба
Сите ученици и студенти кои го оствариле правото на стипендија пред да се зголемат износите на стипендиите, а кои потпишале анекс кон договорот за зголемување на износот на стипендијата, треба да потпишат спогодби и да ги достават до Министерството за образование и наука (МОН) најдоцна до следниот петок, 15 декември.
Со овие спогодби се регулира исплатата на разликата во стипендии...
Уште едно двојче за македонските ученици на ПИСА тестирањето
Македонските ученици се повторно меѓу последните од осумдесетина рангирани држави според најновите резултати од ПИСА тестирањето. Од вкупно 81 држава кои беа дел од тестирањето, Македонија е на 61 место според резултатите по математика со постигнати 389 поени. При мерењето на јазичната писменост, односно читање со разбирање, со постигнати 359 поени, рангирани сме на 71 место. По природни науки,...
Цвет, солзи и пишан збор за збогум: Расплаканите другари се простуваа со нивната другарка Вања
Молк, солзи и траурна атмосфера денеска владееше во училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“. Расплакани деца, расплакани наставници и родители, со цветови во рацете и наведнати глави, чекаа во ред да се потпишат во книгата на жалост, која беше отворена утрово за убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска.
Голема слика со нејзиниот лик, прекриена со црна лента, беше поставена на катедра пред влезот на...
Ако соученик ве малтретира во вибер група, направете скриншот и пријавете го кај педагогот
Ученик фотографирал соученик во соблекувална пред часот по физичко образование, па потоа фотографијата ја споделил во вибер група во која сите се исмејувале со ученикот-жртва. Девојка споделила фотографија со нејзиниот дечко, но по извесно време, тој ја злоуотребил и ја споделил со сите другари, со намера да ја исмее девојката. Ученичка навредувала своја соученичка во вибер група, пред сите...
Фотографијата од разрушен тоалет во интернатот „Здравко Цветковски“ не е од сега
Фотографијата од ученичкиот дом „Здравко Цветковски“ во Скопје што се споделува на социјалните мрежи, а на која е прикажан разрушен тоалет, е стара. Ова за Мета.мк го изјавија ученици сместени во овој интернет, како и директорот на домот Зоран Арсовски.
Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС) вчера утрото на Инстаграм објави фотографија од тоалет на која...
ЕУ критикува: Мал напредок во образованието, буџетот под европскиот просек
Северна Македонија е „умерено подготвена“ во областа на образованието и културата, наведено е во новиот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјава. Во делот за образование, стои дека бил постигнат „ограничен напредок“ во воведувањето на насоки и програми за зајакнување на инклузивноста. Имплементацијата на Стратегијата за образование 2018-2025 продолжила да биде бавна.
„Усвојувањето на клучните закони дополнително беше одложено....
Седум деца заболени од салмонела во училишта во Карпош, се испитува храната и хигиената во кујните
Седум ученици кои учат во основните училишта „Владо Тасевски“, „Војдан Чернодрински“ и во „Јан Амос Коменски“ биле заболени од инфекција предизвикана од бактеријата салмонела (dg. sаlmonellozis), потврдија за Мета од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Веќе се земени брисови од вработените во кујните во училиштата, а резултати се очекуваат најдоцна до сабота.
Како што информира директорката Рената Младеновска, ДСЗИ...