Германија засега нема да ги забранува мобилните телефони во училиштата, како што планира Британија

Не може да се спроведе апсолутна забрана за мобилни телефони за сите возрасни групи и за целиот училишен сектор, вели претседателот на здружението Стефан Дул

Фото: Image by natureaddict from Pixabay

Германското здружение на наставници ја отфрла можноста да се забранат мобилните телефони во училиштата, како што е забраната што ја планира британската влада, пишува германската новинска агенција ДПА.

„Не може да се спроведе апсолутна забрана за мобилни телефони за сите возрасни групи и за целиот училишен сектор“, изјавил претседателот на здружението Стефан Дул.

Во меѓувреме, британската влада подготвува нови упатства со кои ќе се направи обид употребата на мобилни телефони да биде забранета во текот на училишниот ден, вклучително и за време на паузата.

Британската секретарка за образование Џилијан Киган изјави дека целта на отстранувањето на телефоните е да се спречи одвлекување на вниманието на учениците.

Претседателот на Германското здружение на наставници вели дека треба внимателно да се размисли за која возраснува група ќе се однесуваат потенцијални забрани. Тој исто така додава дека освен телефоните има многу други работи кои може да го одвлекуваат вниманието на учениците, но дека ќе работат на тоа како предавањата да бидат најефикасни.