fbpx
Таг: МОН

таг: МОН

Студентскиот стандард со зголемени финансии, но со корупција и бавна дигитализација

Лоши услови во студентските домови, застарени административни процедури и хартиени документи на повеќето универзитети, дискриминација и корупција во амфитеатрите – напредокот на студентскиот стандард и високото образование и во минатата 2023 година беше соочен со низа предизвици и препреки. Сепак, забележителни беа и позитивни промени, во најголем дел иницирани од самите студенти. Мета.мк потсетува на најзначајните теми и настани што...

МОН: Објавени конкурсите за стипендии за магистерски и докторски студии

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави двата конкурса за доделување стипендии за академски студии од втор и трет циклус за академската 2023/2024 година. За лицата кои запишале магистерски студии се предвидени 50 стипендии, при што 40 се наменети за природно-математичките науки, а десет за општествените науки. Висината на стипендиите е 9.000 денари, а се исплаќаат во времетраење...

Студентите што досега не го оствариле правото на субвенциониран оброк, може да аплицираат до 7 јануари

До недела, 7 јануари, студентите што досега не успеале да се пријават и да го остварат правото на субвенциониран студентски оброк, можат тоа да го сторат преку порталот „е-услуги“ на Министерството за образование и наука (МОН). За оваа мерка може да се пријават сите студенти кои ги исполнуваат следниве услови: да се државјани на Република Северна Македонија, да се редовни...

МЕТА ФАКТ: Помина уште една година, ветената доизградба на зградите на ФИНКИ и ФФК не продолжи

Најголемиот и најброен факултет во државата, ФИНКИ, останува без свој сопствен објект, исто како и неговиот „иден сосед“ – Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ). Најавата дека изградбата на зградите на овие два факултета ќе продолжи годинава не се реализираше и според тоа, ова ветување на министерот за образование и наука Јетон Шаќири е неисполнето. Изградбата на двата...

Проверете дали сте добитник на стипендија – МОН ги објави списоците

Министерството за образование и наука (МОН) денес ги објави резултатите од конкурсот за студентски стипендии кој траеше до 15 ноември. И годинава, според конкурсот, се предвидени 3.000 стипендии. Сите категории на стипендии се доделуваат за девет месеци во текот на студиската година и се во износ од 6.050 денари, со исклучок на стипендиите за студиските програми по хемија, физика и математика,...

Потпишан договор за реновирање на „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска потпиша договор за реконструкцијата на двата студентски дома „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје. Оваа обнова се прави во рамки на проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови, кој се реализира со пари од Германската развојна банка (KfW), од 20 милиони евра и грант од 5 милиони евра...

Објавен е конкурсот за доделување на наградата „Гоце Делчев“ за 2024 година

Министерството за образование и наука (МОН) го објави конкурсот за доделување на наградата „Гоце Делчев“ за 2024 година, со која се оддава општествено признание за особено значајни остварувања во областа на науката. Наградата им се доделува на поединци или на група автори од земјата или од странство, за научна книга или дело објавено во 2023 година. Право на конкурирање имаат дела...

Објавен конкурс за стипендии за ученици од дуални паралелки од здравствена струка

Министерството за образование и наука (МОН) објави конкурс за доделување 500 стипендии за ученици кои ќе се запишат во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број часови согласно програмите за стручно образование од здравствена струка, односно дуални паралелки од здравствена струка за учебната 2023/24 година. Право на стипендија имаат учениците кои постигнале минимум...

МЕТА ФАКТ: Иако беше ветено, цела година не започна реконструкцијата на студентските домови

Најавувана па одложувана, но никако да го „види светлото на денот“ – реконструкцијата на студентските домови во државата и понатаму останува неисполнето ветување на Владата и на Министерството за образование и наука (МОН), како надлежна институција за процесот. И покрај тоа што за оваа година беа предвидени средства за реновирањето да почне од скопските домови, реконструктивни зафати на терен...

Повикот за финансиска поддршка за учениците истекува денес, студентите имаат рок до утре

До денес (недела, 24 декември) трае рокот за пријавување на јавниот повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето-плата од  до 50.000 денари. Начинот на пријава е опишан во повикот објавен од страна на Министерството за образование и наука (МОН), кое обезбеди и одговори на најчесто поставуваните прашања за...

Објавени се резултатите од конкурсот за стипендии за средношколци од дуални паралелки

Министерството за образование и наука (МОН) денеска ги објави резултатите од конкурсот за стипендии за средношколци од дуални паралелки. Потребно е секој добитник на стипендија да го симне и пополни во три примероци договорот за стипендија и заедно со копија од лична трансакциска сметка да го достави до МОН, директно преку писарницата во министерството или по пошта – препорачана пратка...

Рокот за аплицирање за финансиска помош за студенти за меѓуградски превоз продолжен до понеделник

За еден ден е продолжен рокот за аплицирање на студентите за остварување на правото на финансиски надомест за покривање на дел од трошоците за меѓуградски превоз. Министерството за образование и наука (МОН) потсетува дека пријавувањето е само електронски преку порталот „е-услуги“, а аплицирањето трае заклучно со понеделник, 25 декември 2023 година. Потребно е студентите да прикачат потврда за редовен студент на...

Се поедноставува процесот на аплицирање за финансиска поддршка за учениците и студентите

Во врска со двата јавни повици за финансиска поддршка на учениците во основните и во средните училишта, како и за студентите, Министерството за образование и наука (МОН) информираше дека процесот на аплицирање се поедноставува, со цел да се излезе во пресрет на барањата на дел од потенцијалните апликанти. При пријавување на учениците од основните и средните училишта, родителите/старателите кои не...

Училишта од Струмица и Велес ќе станат регионални центри за средно стручно образование

Две средни општински училишта од Струмица и Велес ќе прераснат во регионални центри за стручно образование, одлучи Владата во соработка со проектот на Европската Унија „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието за возрасни“. Станува збор за струмичкото училиште „Никола Карев“ и велешкото „Коле Неделковски“, кои со помош на ЕУ ќе бидат целосно реконструирани,...

Објавени се резултатите од конкурсите за ученички стипендии

Министерството за образование и наука (МОН) вчера ги објави резултатите од сите конкурси за доделување стипендии за ученици во средните училишта. Висината на сите стипендии, во секоја категорија, изнесува 3.500 денари месечно, а ќе се исплаќаат во траење од девет месеци во текот на учебната година. Сите студенти добитници на стипендии треба да ги симнат соодветните договори за стипендијата што ја...

Објавен е повикот за финансиска поддршка за студентите кои живеат надвор од местото на студирање

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави повикот за остварување на финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање за академската 2023/2-24 година. Станува збор за финансиска поддршка која студентите ќе ја добиваат како ваучер за меѓуградски превоз, а се однесува за оние студенти кои ги исполнуваат следниве услови: да се македонски државјани, да имаат...

Објавени се резултати од конкурсот за стипендии за студенти Роми

Министерството за образование и наука (МОН) вчера ги објави резултатите од конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во земјава за студиската 2023/2024 година. Според резултатите, условите за добивање стипендија ги исполнуваат 122 студенти, додека во конкурсот беа предвидени вкупно 135 стипендии. Сите добитници на стипендија треба да...

Наместо ваучери за туризам, студентски собранија бараат енергетска ефикасност на факултетите и домовите

Најавените ваучери за домашен туризам за студентите на државните универзитети наидоа на реакција од дел од универзитетските студентски собранија и организации, кои предложија пренамена на средствата. Мерката беше најавена минатата седмица, кога министерот за економија Крешник Бектеши кажа дека ваучерите што претходно беа наменети за работници со ниски приходи, од следната година ќе може да ги користат само студентите. „Во соработка...

Заостанатите стипендии ќе се исплаќаат на трипати, студентите и учениците треба да потпишат спогодба

Сите ученици и студенти кои го оствариле правото на стипендија пред да се зголемат износите на стипендиите, а кои потпишале анекс кон договорот за зголемување на износот на стипендијата, треба да потпишат спогодби и да ги достават до Министерството за образование и наука (МОН) најдоцна до следниот петок, 15 декември. Со овие спогодби се регулира исплатата на разликата во стипендии...

Со пари од Светска банка поставена нова ИТ опрема во 40 училишта

Во 40 училишта во државата поставена е нова, современа опрема преку која учениците ќе можат безбедно да пристапуваат до глобалната интернет мрежа, за да полесно ги совладуваат наставните материјали, а истовремено да пребаруваат и дополнителни едукативни содржини, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН). „Пристапот е овозможен преку безжични пристапни точки во сите училници, а пребарувањето на содржините е...

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...