Објавени се резултатите од конкурсот за стипендии за средношколци од дуални паралелки

Потребно е секој добитник на стипендија да го симне и пополни во три примероци договорот за стипендија и заедно со копија од лична трансакциска сметка да го достави до МОН

Фото: Image by Michal Jarmoluk from Pixabay

Министерството за образование и наука (МОН) денеска ги објави резултатите од конкурсот за стипендии за средношколци од дуални паралелки.

Потребно е секој добитник на стипендија да го симне и пополни во три примероци договорот за стипендија и заедно со копија од лична трансакциска сметка да го достави до МОН, директно преку писарницата во министерството или по пошта – препорачана пратка со повратница (ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје), најдоцна до 10 јануари 2024 година.

Документите во МОН може да ги достави и друго лице во име на добитникот на стипендијата, велат од МОН.

Одбиените кандидати, односно учениците кои не се наоѓаат на објавениот список, ќе имаат можност за поднесување жалба од денот на добивање на решението од МОН, во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена.

За какви било дополнителни информации и поддршка, контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во МОН се објавени на овој линк, а прашања може да се поставуваат и на електронската адреса [email protected].

Списокот со добитници на стипендија за средношколци од дуални паралелки, како и договорот што овие студенти треба да го пополнат може да се најдат подолу.

Добитници на стипендија

Договор што добитниците на стипендија треба да го потпишат

Претходно неделава, МОН ги објави резултатите и од останатите осум конкурси за доделување стипендии за ученици во средните училишта.