понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: МОН | 618 резултати

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

септември 6, 2024

Министерството за образование и наука (МОН) денеска ги објави резултатите од конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови за учебната 2024/2025 година. Резултатите се однесуваат за студентите од втора и повисоките години, додека за студентите во прва година – бруцошите, рокот за аплицирање е од 10 до […]

Децата со посебни образовни потреби ги бараат своите асистенти, министерката ја префрла вината на директорите

септември 6, 2024

Пет дена откако започна учебната година, децата со посебни образовни потреби сè уште не можат да посетуваат настава бидејќи немаат образовни асистенти. Родителите на овие ученици тврдат дека нивните деца си ги бараат своите асистенти и е многу важно тие да не се менуваат често. Од друга страна, министерката за образование Весна Јаневска посочува оти […]

Јаневска: Од 17.000 ученици во генерација, 12.000 се запишале во средно стручно училиште

септември 5, 2024

Бројот на ученици запишани во средните стручни училишта од година во година расте. Годинава, по трите уписни рока, во средните стручни училишта се запишале речиси 12 илјади ученици од генерацијата која број околу 17 илјади, информираше министерката за образование и наука Весна Јаневска. Таа денеска, заедно со амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман и Антони Пешев, […]

За седум години, 17.000 ученици помалку во државните училишта

септември 2, 2024

Денеска на првиот училишен ден, во училиште појдоа 245.000 основци и средношколци. Според Министерството за образование и наука (МОН), за последните седум години бројот на ученици во основните и средните училишта е намален за 17.000 што е околу 7 отсто. Во прво одделение, пак, според МОН, се запишале 3.500 ученици помалку во споредба со учебната […]

Наставници пред МОН побараа повисоки плати, Јаневска вели покачување е предвидено во 2025

септември 1, 2024

Повисоки плати побараа учесниците на денешниот собир на наставници и просветни работници што го организираше Комисијата за образование и наука на СДСМ, а кој се одржа пред зградата на Министерството за образование и наука (МОН). Просветните работници не сакаат да бидат потценети, девалвирани и уценети, беше пораката од собирот. „Бараат да бидат вклучени во подготовките […]

Новата учебна година без пролетен распуст и со едносменска настава во 140 училишта

септември 1, 2024

Наставата во новата учебна година нема да трае подолго од 10 јуни и нема да има пролетен распуст. Едносменска настава се воведува во 140 училишта, а како поддршка на учениците со попреченост ќе бидат ангажирани над 1.000 образовни асистенти. Ова денеска го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на прес-конференција пред утрешниот почеток […]

Како можат идните студенти-бруцоши да аплицираат на повикот за субвенциониран студентски оброк?

август 27, 2024

Во тек е пријавување на повикот за субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година. Повикот трае до 5 септември и на истиот, освен тековните студенти, можат да се пријават и потенцијалните бруцоши, односно оние кои во меѓувреме ќе аплицираат за упис во прва година на факултет, потсетува Министерството за образование и наука (МОН). За нив, […]

Објавени се списоците со примени ученици во ученичките домови

август 27, 2024

Министерството за образование и наука (МОН) вчера објави дел од резултатите од конкурсот за сместување на ученици во ученичките домови во учебната 2024-2025 година. Списоците со примени ученици во домовите „Здравко Цветковски“– Скопје, „Димитар Влахов“- Скопје, „Партенија Зографски„ – Скопје, „Д-р Панче Караѓозов“– Скопје, „Мирка Гинова“- Битола, „Ванчо Питошески“ – Охрид, „Крсте Петков Мисирков“– Кавадарци, […]

МОН прифатило две од трите барања на Универзитетското студентско собрание

август 24, 2024

Министерството за образование и наука позитивно одговорило на две од трите барања кои Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ му ги доставило пред два дена. Министерката Весна Јаневска денеска изјави дека двете барања ги решиле „експресно, во рок од еден ден“, а за третото е потребно извесно време, пренесе Телма. На […]

Учениците нема повеќе да одат на пролетен распуст, МОН го укинa

август 8, 2024

Се укинува пролетниот распуст за основното и средното образование, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање на настан во општина Гази Баба. Министерството за образование и наука (МОН) во јули испрати прашалник до наставниците, родителите и до учениците, да кажат мислења во врска со оваа тема, по што следува одлуката […]

Продолжува соработката меѓу Македонија и САД во областа на образованието и науката

јули 18, 2024

Одличната соработка на Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на образованието и науката ќе продолжи и во иднина. Интересот е меѓусебен и двете земји и понатаму ќе создаваат добри образовни и научно – истражувачки можности за своите граѓани преку постојните спогодби и протоколи за соработка, а ќе се размислува и за нови иницијативи кои […]

Јаневска: Во моментов работиме на две пријави за приватен и една за државен универзитет

јули 17, 2024

Во Министерството за образование и наука постојано стигнуваат поплаки за работа на одредени универзитети и факултети, изјави во вчерашното гостување на Телевизија Алфа, министерката Весна Јаневска. Според неа, против ерозијата на високото образование се неопходни сериозни, транспарентни и законски постапки. Таа информираше дека во моментов се процесираат вкупно три пријави за високообразовни установи – една […]

Од денеска студентите можат да аплицираат за сместување во студентски дом

јули 15, 2024

Министерството за образование и наука (МОН) го распиша конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови за учебната 2024/2025 година. За претстојната учебна година, за студентите се предвидени вкупно 4.303 легла. Од нив, 3.269 се за студентите од втора и повисоките години, додека 1.034 легла се предвидени за […]

Јаневска: Родителите на децата со попреченост ќе одлучуваат каде ќе учи нивното дете

јули 11, 2024

На родителите на децата со попреченост во согласност со проценката од МКФ (Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје) ќе им овозможиме да одберат во какво училиште сакаат децата да им учат. Станува збор за деца кои се инклудирани во редовните паралелки, а нивните родители реагираат до нас дека не чувствуваат корист од тоа дека […]

Напуштениот дом „Стив Наумов“: Крај на една студентска ера од убави моменти во катастрофални услови

јули 10, 2024

Студентскиот дом „Стив Наумов“  во Скопје ги испрати своите последни студенти. Комплексот во населбата Автокоманда нема да функционира најмалку две години, бидејќи почнуваат реконструктивните зафати. Трите згради нема да вселуваат нови станари додека не бидат целосно реновирани, а воопшто нема да функционираат ниту бараките и студентската менза кои се дел од овој дом. Мета.мк прошета […]

Затворен студентскиот дом „Стив Наумов“, нема да работи додека не се реновира

јули 9, 2024

Студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје нема да работи следната академска година, дознава Мета.мк. Комплексот ќе биде затворен во целост сè додека не се реновира. Откако пред десетина дена се отселија сите студенти, се затвори и третата зграда, од каде и ќе почне реконструкцијата. Нема да функционираат ниту бараките, и покрај тоа што во овие […]

Седмоодделенците ќе учат од старите учебници, нови ќе се печатат в година

јули 5, 2024

По неколкудневни разговори Министерството за образование и наука (MOН) и Бирото за развој на образованието (БРО) изнајдоа решение за непречена договорено е учениците од седмо одделение од 1 септември да ги користат учебниците кои се применуваат досега, со додатни материјали, информираат во МОН. Оттаму велат дека за оваа цел донеле одлука за одложување на имплементацијата […]

Распустот започна, учениците не ја добија финансиската помош од МОН

јули 5, 2024

Три училишта во Северна Македонија велат дека немаат информации дали нивните ученици се на списокот на Министерството за образование и наука за добивање на средства од антикризните мерки за поддршка на учениците од основните и средните училишта, на чии семејства вкупните месечни примања од нето платата им се до 50.000 денари. Родители и ученици, изразувајќи […]

Јаневска: МОН ги консултира наставниците дали да има само електронски дневник или да се врати и хартиениот

јули 5, 2024

Министерството за образование и наука (МОН) во моментов ги консултира наставниците дали да има само електронски дневник или да се врати и хартиениот од идната учебна година. Ова синоќа го изјави министерката Весна Јаневска во гостувањето на Телевизија Сител. Според неа, МОН ќе постапи според изјаснувањето на наставниците, но смета дека треба да има „некоја […]

Јаневска: Децата со посебни образовни потреби треба да се идентификуваат со нивните потенцијали

јули 3, 2024

Иклузивното образование е сериозен и повеќеслоен предизвик, што бара посветена и тимска работа, посочи министерката Весна Јаневска, на настанот „Разговори за еднаквост“, организиран од страна на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Зборувајќи за децата со посебни образовни потреби, Јаневска кажа дека лично ќе се заложела тие да не се идентификуваат со нивната дијагноза, […]

Страна 4 од 31