Проверете дали сте добитник на стипендија – МОН ги објави списоците

Договорите за стипендиите треба да се достават до МОН во периодот oд 2 до 18 јануари 2024 година

Фото: Sincerely Media on Unsplash

Министерството за образование и наука (МОН) денес ги објави резултатите од конкурсот за студентски стипендии кој траеше до 15 ноември.

И годинава, според конкурсот, се предвидени 3.000 стипендии.

Сите категории на стипендии се доделуваат за девет месеци во текот на студиската година и се во износ од 6.050 денари, со исклучок на стипендиите за студиските програми по хемија, физика и математика, како и оние за земјоделските, ветеринарните и шумарските науки, кои изнесуваат 18.000 денари месечно.

Секој добитник на стипендија треба да го симне и пополни во ТРИ примероци соодветниот договор за стипендија и заедно со копија од лична трансакциска сметка да го достави до МОН, директно преку писарницата во министерството (договорот може да ги достави и друго лице во име на добитникот на стипендијата) или по пошта – препорачана пратка со повратница (ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје), oд 2 до 18 јануари 2024 година.

Одбиените кандидати, велат од МОН, ќе имаат можност за поднесување жалба од денот на добивање на решението од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена. Од МОН ги замолуваат кандидатите да не доставуват приговори пред да го добијат решението за одбивање.

За какви било дополнителни информации и поддршка, контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во МОН, се објавени на овој линк.   

Листите на студенти кои го оствариле правото да користат стипендија за секоја од групите може да се најдат на овие линкови (договорите за секоја стипендија соодветно може да се најдат на интернет-страницата на МОН, која во моментов функционира отежнато):

Прва група – социјална стипендија

Втора група – стипендии за студенти со висок просек (државни универзитети)

Втора група – стипендии за студенти со висок просек (приватни универзитети)

Стипендии за студенти запишани на студиски програми по информатика (државни универзитети)

Стипендии за студенти запишани на студиски програми по информатика (приватни универзитети)

Стипендии за студенти запишани на студиски програми по историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија

Стипендии за студенти запишани на студиски програми по хемија

Стипендии за студенти запишани на студиски програми по физика

Стипендии за студенти запишани на студиски програми по математика

Стипендии за студенти запишани на студиски програми по македонски јазик, македонска книжевност и јужнословенски книжевности

Стипендии за студенти запишани на студиски програми од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки

Трета група – државни универзитети

Трета група – приватни универзитети

Четврта група – Стипендии за студенти кои се запишани во прва година на студиски програми на високообразовни установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование