петок, 10 април, 2026
Meta.mk

Ознака: МОН | 615 резултати

МОН со препорака за учениците и родителите да не читаат многу вести за несреќата

март 17, 2025

Министерството за образование и наука вчера испрати три документи со насоки до средните и основните училишта, кои содржат насоки за училиштата и наставниците, за родителите, и насоки за водење час по трагедијата во Кочани. Во насоките за училиштата, наставниците и стручните соработници, меѓу другото, се препорачува да се избегнуваат генерализации и претпазливо да се интерпретира […]

Студенти ќе одржуваат системи и ќе смислуваат нови дигитални услуги за образованието

март 10, 2025

Студенти од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје, од денеска ќе му помагаат на Министерството за образование и наука (МОН) во унапредување на дигиталното работење и забрзување на процесот на дигитализација на образованието, соопштија денеска во МОН. „Под менторство на нивните професори, ќе дадат поддршка на тековното одржување на дел од […]

МОН ги објави конкурсите за стипендии за студирање на најдобрите светски универзитети

февруари 21, 2025

Министерството за образование и наука (МОН) неделава ги објави конкурсите за стипендии за студирање на најдобрите светски универзитети според Шангајската листа, за академската 2025-2026 година. Станува збор за финансиска поддршка за граѓаните на Македонија што ќе се запишат на додипломски, постдипломски или докторски студии на некој од најдобрите универзитети во светот.  Мерката се спроведува веќе […]

МОН разви мобилна апликација за родителите да имаат увид во образованието на нивните деца

февруари 11, 2025

Родителите и старателите на учениците од сега до електронскиот дневник ќе можат да пристапат и преку мобилна апликација развиена од Министерството за образование и наука (МОН). За новата апликација „Е-дневинк“ денеска на прес-конференција информираше министерката Весна Јаневска, која рече дека апликацијата овозможува увид во распоредот и содржината на часовите на учениците, во редовноста на настава […]

Од утре па до петти февруари, нов повик за субвенциониран студентски оброк

јануари 31, 2025

Министерството за образование и наука (МОН) информираше дека рокот за пријавување за субвенциониран студентски оброк за оние студенти кои досега не го оствариле ова право трае од утре, 1 февруари до среда, 5 февруари. Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, можат да поднесат апликација електронски преку порталот „е-услуги“. Право на субвенциониран студентски […]

Јаневска за Нацрт-концепцијата за гимназиско образование: Сите аргументирани барања ќе бидат прифатени

јануари 30, 2025

Бирото за развој на образованието (БРО) ја изготви Нацрт-концепцијата за гимназиско образование. Јавната дебата е во тек. Ги следам писмените реакции што стигнуваат, се среќавам со претставници на образовни институции, со ученици и со родители. Ова го одговори министерката за образование и наука Весна Јаневска на поставените прашања поврзани со Нацрт-концепцијата за гимназиско образование, на […]

Студентите и учениците до петок ќе ги добијат јануарските стипендии

јануари 27, 2025

До крајот на јануари ќе се реализира исплатата на ученичките и студентските стипендии, информираа од Министерството за образование и наука (МОН) за Мета.мк, откако до институцијата упативме прашања во однос на тоа дали овој месец студентите и средношколците ќе ги добијат јануарските стипендии. Група студенти повеќе пати се обратија до редакцијата на Мета.мк, загрижени од […]

Во 2025 за образованието и науката ќе има 38 милијарди денари, најголем буџет досега

јануари 9, 2025

Образованието во 2025 година ќе се финансира со буџет од 38 милијарди денари, а буџетот за наука е речиси двојно зголемен од сегашните 380 на 680 милиони денари, изјави денес министерката за образование и наука Весна Јаневска. Според неа, предвидени се повеќе пари за капитални инвестиции со кои ќе се поддржи процесот на оптимизација на […]

Јаневска: Студентите ќе одлучат дали сакаат 160 денари оброк или зголемување на опсегот

јануари 9, 2025

Во Буџетот на Министерството за образование и наука (МОН) за следната година се обезбедени средства за покачување на студентскиот оброк од 140 на 160 денари дневно, но студентите ќе одлучат дали повеќе сакаат да се реализира ова зголемување или пак да се прошири опсегот на студенти кои земаат оброк. Ова го изјави министерката за образование […]

Високото образование во 2024: Многу зборови, малку промени

јануари 3, 2025

Изминатата 2024 година Македонија беше исправена пред предизвици и настани кои повторно го поставија прашањето за иднината на високото образование и студентскиот стандард. Од зголемени трошоци за студентите, преку корупцијата, до протести и барања за подобрување на условите – уште една година помина со впечатокот дека системот бара сериозни реформи. Според Државниот завод за статистика, […]

Владата донесе одлука да му префрли на ЈСП средства за бесплатен превоз за студентите

декември 31, 2024

Владата на денешната редовна седница одлучи да му префрли 120 милиони денари на Градот Скопје, односно на Јавното сообрачајно претпријатие, за да може мерката бесплатен јавен превоз за студентите непречено да се реализира и следната календарска година. За ова информираше премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција која ја одржа заедно со министерката за образование и […]

Јаневска: Затворени се пет приватни научни институти, заканите ќе ги пријавиме

декември 27, 2024

Затворени се пет приватни научни институти, а кај петнаесеттина се утврдени неправилности кои имаат обврска да ги отстранат во соодветен рок. Ова во однос на досега спроведените надзори на комисијата во Министерството за образование и наука (МОН) формирани за оваа намена, го изјави министерката Весна Јаневска во емисијата „За или против“ на Телевизија Алфа. Таа […]

Ќе останат ли студентите во Скопје без бесплатен јавен превоз?

декември 18, 2024

Бесплатниот студентски автобуски превоз со Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје) повторно е доведен во прашање. Обидите на студентите да ги продолжат годишните билети за следната календарска 2025 година завршуваат безуспешно – во центрите за персонализација на ЈСП добиваат одговор дека се чека „амин“ од надлежните. Но, претпријатието и Министерството за образование и наука (МОН) […]

Проверете дали сте добитник на студентска стипендија – МОН ги објави списоците

декември 16, 2024

Министерството за образование и наука (МОН) денес ги објави резултатите од конкурсот за студентски стипендии. И годинава, според конкурсот, се предвидени 3.000 стипендии. Сите категории на стипендии се доделуваат за девет месеци во текот на студиската година и се во износ од 6.050 денари, со исклучок на стипендиите за студиските програми по хемија, физика и […]

МОН: Студентите ќе ги добијат првите стипендии до крајот на месецов

декември 13, 2024

Резултатите од новиот конкурс за студентски стипендии очекуваме да бидат објавени во текот на следната недела, велат од Министерството за образование и наука (МОН) по упатените прашања од Мета.мк во однос на резултатите од конкурсот и исплатата на првите рати на студентските стипендии. Дополнително, од ова министерство информираа дека исплата и за постојните и за […]

Јаневска бара „уште неколку дена“ за решавање на случајот со ученикот во „Лазо Ангеловски“

декември 6, 2024

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска рече дека на Министерството му се потребни уште неколку дена за решавање на случајот со малолетникот и бојкотот на наставата во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје. Одговарајќи на новинарско прашање, Јаневска кажа дека детето се стигматизира во јавноста. „Ве молам да дозволите, неколку дена веќе работиме тимски. […]

Јаневска најави промени и ново законско решение за високото образование во 2025 година

ноември 29, 2024

Следната година ќе биде усвоен нов Закон за високото образование кој ќе обезбеди повеќе и подобри можности за студентите и професорите, но и ќе ги подигне стандардите за квалитет што високообразовните установи ќе треба да го следат. Ова го рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на вчерашната собраниска седница на која пратениците поставуваа […]

На идните лекари им се „испразнија џебовите“, бараат поголема помош од надлежните

ноември 27, 2024

Да се биде студент по медицина на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје значи да се трошат големи суми, особено ако сте студент кој доаѓа од другите градови на РСМ. Месечните трошоци достигнуваат повеќе илјадници денари, вклучувајќи ги високите цени за образование, сместување, патување, храна и други потреби. И покрај помошта од државата, студентите […]

Студентскиот дом „Пелагонија“ доби в.д. директорка, ќе се работи на решавање на проблемите

ноември 22, 2024

Студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје доби нова в.д. директорка, информираше за Мета.мк Јане Кицев, претседател на Советот на станари во овој дом. За привремена директорка на „Пелагонија“ е поставена Адриана Даци, вработена во студентскиот дом. Кицев информираше дека веќе почнало решавањето на најитните предизвици со кои се соочуваа тамошните станари – немањето топла вода, квалитетот […]

Јаневска: Догодина ќе продолжи изградбата на зградите на ФИНКИ и ДИФ

ноември 19, 2024

Од следната година ќе продолжи изградбата на новите згради на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ – ДИФ), изјави синоќа министерката за образование и наука Весна Јаневска. При одбележувањето на Меѓународниот ден на студентите во културниот центар Лабораториум, Јаневска рече дека буџетот за студентски […]

Страна 2 од 31