fbpx
Таг: истражување

таг: истражување

ЦКГ: Потрошени 6,7 милиони евра за „итни набавки“ за заштита од ковид-19

Во првите шест месеци од ковид-кризата, 6,7 милиони евра е вредноста на договорите за итни јавни набавки за заштита од корона вирусот, покажува сумарниот извештај од мониторингот на итните јавни набавки поврзани со заштита од ковид-19, кој го објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) „Една третина од вредноста на овие договори отпаѓа на Министерство за внатрешни работи-МВР, кое со 2,2...

Општините немаат капацитет да ги наплатат даноците

Наплатата на локалните даноци претставува предизвик за поголем број на општини, a посебно за даноците на имот. Релативно ниската стапка на наплата варира од општина до општина пред сè поради недостатокот на капацитети на единиците на локалната самоуправа, како и поради социо-економските и демографските карактеристики на даночните обврзници. Ова го покажува најновото истражување на Центарот за економски анализи за предизвиците...

Студија на РЕСИС: Граѓаните телевизијата и интернетот денес подеднакво ги користат за информирање

Македонските граѓани забрзано ги менуваат своите навики за информирање за домашните настани од медиумите и сè повеќе го користат интернетот, при што 72 отсто од граѓаните до интернет содржини во земјава пристапуваат преку мобилен телефон, а 38 отсто преку компјутер. Ова се дел од резултатите од истражувањето „Утврдување на влијанието на новите медиуми врз формирањето на јавното мислење и...

Истражување на ЦГK: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Од 2017 до 2020 година, вкупниот број на вработени во министерствата пораснал за три проценти (односно за 540 луѓе), а во општините за два проценти (односно за 154 луѓе), покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните три години по сите основи – редовен работен однос, привремени...

Новите генерации заборавија на Холокаустот – 63 отсто од младите во САД не знаат за 6 милиони убиени Евреи

Тажни бројки за сеќавањето за масовното, систематско убивање на околу 6 милиони Евреи во текот на Втората светска војна од страна нацистичкиот режим во Германија. Анкетно истражување на 1.000 млади лица на возраст од 18 до 39 години во САД покажа дека 63 отсто од младите не знаат дека 6 милиони Евреи биле убиени за време на Холокаустот, пренесува...

Истражување на Метаморфозис: Наставниците се соочуваат со повеќе проблеми во онлајн наставата

Ситуацијата со техничките помагала, пред сè лаптопи и компјутери, неопходни за одржување на задолжителната онлајн настава се главниот проблем кој се јавува и пред почетокот на новата учебна 2020/21 година. Речиси половина од учесниците (44,5 проценти) изјавиле дека во училиштето, за службени потреби, користат сопствен лаптоп. Додека пак, наставниот кадар, во најголемиот број случаи (84,9 отсто), за службена комуникација...

ААВМУ ќе го анализира медиумското прикажување на жените – кандидатки на изборите за време на кампањата

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ќе изработи анализа на родовите прашања и претстави за време на изборната кампања со акцент на прикажувањето и третманот на жените - кандидатки/претставнички на учесници во изборната кампања. Станува збор за редовно годишно истражување на различни теми за родот во медиумите што се изработува од 2012 година, а кое годинава ќе...

Државните институции набавиле 392 нови автомобили, за што потрошиле 8,1 милиони евра

Државните институции набавиле 392 нови патнички возила, за што потрошиле 8,1 милиони евра во последните две и пол години, покажува најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации. „Една четвртина од набавените нови возила се поскапи од 30 илјади евра. Најмногу нови возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи, 46 „пасати“ по 39 илјади евра секој. Сепак, најскапото возило...

Лани за првпат сме имале помалку од 20.000 живородени во земјава (инфографик)

Бројот на живородени во нашата земја лани изнесувал 19.845 деца и за првпат во изминативе 25 години падна под границата од 20.000 на годишно ниво, откриваат податоците од новата публикација за природното движење на населението на Државниот завод за статистика. Споредбата на податоците од периодот 1994-2019 година покажува драстично намалување на бројот на живородени и пораст на бројот на починати...

Реактор: Мнозинството директори на училишта, наставници и родители се за настава во училница

Мнозинството анкетирани директори на училишта, наставници и родители се за повторно отворање на училиштата со настава во училница или комбиниран модел на настава во училница и учење на далечина. Ова се мислењата засновани на прелиминарните резултати од истражувањето „Искуства и ставови за учењето на далечина за време на пандемијата на КОВИД-19“ реализирано од страна на Министерството за образование и...

Во средното образование не се овозможија услови за квалитетно спроведување на далечинска настава

Во 64 отсто од случаите, ретко (еднаш во две недели или еднаш во месецот) или воопшто не се употребувале дигитални алатки во редовната настава, а 51 отсто од учениците никогаш не биле обучени од своите наставници за тоа како да користат дигитални алатки за потребите во наставата. Ова се дел од наодите на националното истражување за спроведувањето на далечинската...

Вестминстер: Младите како кандидати за пратеници ретко се на добитни позиции

Просечната возраст на кандидатите за пратеници на претстојните парламентарни избори е 42,54 години. Партијата со најмлади кандидати има просечна возраст од 32,3 години, додека највисоката просечна возраст кај една партија е 53,2 години. Најмладите кандидати на овие избори имаат 18 години, додека највозрасниот кандидат 87 години. Ова се дел од наодите на новото истражување на Фондацијата за демократија на...

ХЕРА: Над 90 отсто од наставниците се согласуваат дека во наставните програми треба да има теми од ССО

Помеѓу 89-99 проценти од наставниците се согласуваат дека наставните програми треба да се надополнат со теми како што се заштитата од сексуално насилство, вклучувајќи насилство на социјалните мрежи, телесните промени во пубертетот, разликите меѓу половите и родовата рамноправност и карактеристиките на здравите врски. Ова го покажуваат податоците од истражувањето на ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во...

МОН објави прашалник со кој ги повикува родителите да го споделат искуството со далечинско учење

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави повикот за родители и старатели за учество во истражување, со цел сеопфатно истражување во основните и средните училишта, а е поврзано со здравствената криза со корона вирусот. „Основната цел на истражувањето е да ги сумира сите релевантни искуства и да го процени севкупното влијание на пандемијата ковид-19 врз образовниот процес во...

ССНМ: Новинарите и медиумските работници стравуваат од вирусот, но и од губење на работата

Четворица медиумски работници останале без работа во најголемиот пик на пандемијата, покажува истражувањето на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, направено во текот на јуни на репрезентативни 150 испитаници - вработени во различни медиуми во земјава. Освен грижата за егзистенцијата, промените што ги донесе корона вирусот се одразил и врз квалитетот на животот на новинарите. Дури 62 отсто од...

Реформите во здравството и во образованието се најприоритетни за граѓаните

Реформите во здравствениот и во образовниот систем се на врвот на листата најзначајни реформи кои би имале најпозитивен ефект врз секојдневниот живот на граѓаните. Ова го покажа најновото истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка, МЦМС и телевизија Телма, врз база на анкета, посветено прашањата на евроинтеграциите. Речиси една третина од граѓаните (32 отсто) на прво место го ставиле здравствениот...

Секој втор ученик во основно или средно училиште во Скопје бил жртва на врсничко насилство

Околу половина од учениците во основните и во средните училишта во Скопскиот Регион или 48,3 отсто биле жртви на врсничко насилство или булинг, еднаш или повеќе пати во текот на изминатата школска година. Вкупно 37,4 отсто од учениците еднаш или повеќе пати биле жртви на психолошко насилство, 29,5 отсто биле жртви на социјална агресија, повреда на сопственост доживеале 19,4 отсто,...

Мнозинство млади лица би се иселиле во земја со повисоки даноци

Дури 7 од 10 македонски граѓани на возраст од 18 до 24 години би сакале да плаќаат повисоки даноци и да живеат во странство, додека постарите лица повеќе би сакале да плаќаат пониски даноци и останат да живеат во земјава, покажува новата студија на Центарот за економски анализи (ЦЕА) за даночниот морал изразен преку профилот на даночните обврзници. Во истражувањето...

МЦМС: Мнозинството граѓани очекуваат економска криза од која нема лесно да излеземе

Дури 88 отсто од граѓаните сметаат дека земјава ќе навлезе во економска криза, а 66 отсто очекуваат дека излегувањето од неа нема да биде лесно, покажува телефонската анкета на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) направена на 1.000 испитаници во периодот од 16 до 22 мај годинава. Што се однесува до економските мерки на Владата, средната оценка на испитаниците...

Карантинот и полицискиот час спречиле три милиони жртви од коронавирусот во 11 европски земји

Строгите мерки за карантин и полициски час овозможиле да се намали преносот на ковид-19 и да се спречат три милиони смртни случаи во 11 европските држави, покажува новата студија на „Империјал колеџот“ во Лондон, чии што научници се советници во британската влада за справување со вирусот, објави „Ал Џезира“. Истражувањето покажало дека со седењето дома, ширењето на вирусот се ставило...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...