МЦМС: Мнозинството граѓани очекуваат економска криза од која нема лесно да излеземе

-

Дури 88 отсто од граѓаните сметаат дека земјава ќе навлезе во економска криза, а 66 отсто очекуваат дека излегувањето од неа нема да биде лесно, покажува телефонската анкета на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) направена на 1.000 испитаници во периодот од 16 до 22 мај годинава. Што се однесува до економските мерки на Владата, средната оценка на испитаниците е 2,7.

Испитаниците сметаат дека угостителството и туризмот, приватните бизниси, но и сите сектори воопшто ќе бидат погодени од кризата. Тие би се чувствувале најкомфорно да се вратат веднаш на работното место и работните состаноци, додека пак најтешко ќе им биде патувањето низ земјата и надвор од неа, кои се оставени за следната година.

Според наодите од истражувањето поврзани со економијата, влијанието врз навиките на луѓето и подготвеноста за враќање во состојба како таа пред кризата, на 83 отсто од граѓаните вирусот целосно или донекаде им го променил животот и секојдневието. Пандемијата ги променила и навиките за купување, па сега пазари само еден член од семејството. Една четвртина од испитаниците рекле дека морале да ги одложат лекарските прегледи.

Во поглед на чувствата, 32 отсто од испитаниците повеќе се исплашени за блиските отколку за себе. За најголем број од нив, односите во семејствата не се промениле, а речиси секој петти рекол дека односите се подобрени.

Анкетата на МЦСМ покажува дека граѓаните се преокупирани со информациите за ковид-19. Дури 86 отсто од испитаниците ги следат овие информации еднаш или неколку пати во текот на денот. Сепак, речиси половина (48 отсто) рекле дека информациите се конфликтни и конфузни, и тоа најчесто оние пласирани преку веб страниците. Иако граѓаните се преокупирани со вирусот, повеќе од половина (55 отсто) не се спремни да ја користат апликацијата „СтопКорона“.

Грчката веб-страница на ИКЕА недостапна надвор од Грција „од безбедносни причини”

Веб-страницата IKEA.gr повеќе не е достапна за македонските граѓани, ниту пак за кој било друг надвор од Грција. Како што велат за Мета од компанијата, тоа е од безбедносни причини. „Би сакале...

УСАИД е „прогласена за умрена“, сеирџиите може да здивнат!

Бурата од реакции по укинувањето на УСАИД во светот не поминува без класичниот говор на омраза „на стероиди“ кај нас, кој еруптира со невидена „креативност“, па дури и повици за воведување...

Над 1500 здравствени работници со привремени договори наскоро ќе добијат решенија за работа

Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, соопшти дека владата има одлука за трансформација на здравствените работници кои биле вработени во минатото, но со години останале со привремени договори. „Во овој период ќе...

Плејада од измешани симптоми на вируси и грип ги полнат лекарските ординации

Висока температура која трае со денови, без други клинички симптоми, а потоа болки во телото, малаксаност, главоболки, па и вртоглавици, кои траат и до четири недели, се причината поради која мноштво...

Грчката веб-страница на ИКЕА недостапна надвор од Грција „од безбедносни причини”

Веб-страницата IKEA.gr повеќе не е достапна за македонските граѓани, ниту пак за кој било друг надвор од Грција. Како што велат за Мета од компанијата, тоа е од безбедносни...