fbpx

ЦКГ: Потрошени 6,7 милиони евра за „итни набавки“ за заштита од ковид-19

-

Во првите шест месеци од ковид-кризата, 6,7 милиони евра е вредноста на договорите за итни јавни набавки за заштита од корона вирусот, покажува сумарниот извештај од мониторингот на итните јавни набавки поврзани со заштита од ковид-19, кој го објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК)

„Една третина од вредноста на овие договори отпаѓа на Министерство за внатрешни работи-МВР, кое со 2,2 милиони евра води според износот на склучените договори. 43 отсто од вредноста на сите тендери им припаднала само на пет фирми, иако вкупно 186 фирми добиле тендер поврзан со коронавирусот. За 68 проценти од склучените договори, институциите ја прекршиле законската обврска да ги објават договорите во рок од десет дена од потпишувањето. На секој трет склучен договор за итните јавни набавки поврзани со коронавирусот, се преговарало само со еден понудувач,“ се вели во Извештајот.

Еден од наодите во истражувањето покажува дека постојат значајни разлики во цените на набавените маски, скафандери и ракавици. Дел од договорите пак, не содржат прецизен опис на производите што се набавуваат, што остава простор за злоупотреби при реализација на договорите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...