fbpx

Реформите во здравството и во образованието се најприоритетни за граѓаните

-

Реформите во здравствениот и во образовниот систем се на врвот на листата најзначајни реформи кои би имале најпозитивен ефект врз секојдневниот живот на граѓаните. Ова го покажа најновото истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка, МЦМС и телевизија Телма, врз база на анкета, посветено прашањата на евроинтеграциите.

Речиси една третина од граѓаните (32 отсто) на прво место го ставиле здравствениот систем, а речиси една четвртина (23 отсто) предност му дале на образованието. На трето место според важноста е борбата против корупцијата, така одговориле 12 отсто од испитаниците.

„Резултатите се изненадување ако се имаат предвид претходни истражувања во кои првите неколку места беа „резервирани“ за таканаречените егзистенцијални прашања, како вработувањето, сиромаштијата или економијата генерално“, се вели во заедничкото соопштение на МЦМС и телевизија Телма.

Анкетата покажала дека интересот за образовната реформа опаѓа со зголемувањето на возраста на испитаниците, од 34 отсто кај оние на возраст помеѓу 18 и 29 години, на 15 отсто кај лицата над 66 години. Од друга страна, пак, здравствената реформа, гледано по возрасни групи, им е најважна на граѓаните над 66 години (40 отсто). Етничките Македонци (34 отсто) се позагрижени за реформата на здравствениот систем, во однос на етничките Албанци (22 отсто), додека последниве се повеќе заинтересирани за борбата против корупцијата (20 отсто) во споредба со нивните сограѓани етничките Македонци (10 отсто).
Реформата на правосудството е најприоритетна за 11 отсто од граѓаните. За сите други, како што е реформата на јавната администрација, подобрата животна средина, заштитата на човековите права, се изјасниле 6 отсто или помалку граѓани.

Мнозинство од граѓаните (65 отсто) сметаат дека реформите и се потребни на земјата затоа што тие ќе создадат подобар живот, додека 22 отсто ценат дека тие се потребни за да ни обезбедат влез во ЕУ.

Прашани дали знаат, колку приближно добива Македонија годишно од фондовите на ЕУ, мнозинство од граѓаните (61 отсто) рекле дека не знаат. Уште поголем е бројот на оние кои не слушнале за проект финансиран од ЕУ, (82 отсто). Проектите за кои слушнале испитаниците најчесто се однесуваат на изградба на патишта, рурален развој (ИПАРД), справување со Ковид-19, екологија, здравство и подобрување на образованието.

Податоците за анкетата беа прибирани телефонски, во периодот од 16 до 21 јуни 2020 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1003 испитаници. Истражувањето е дел од проектот „ЕУро Фокус“, што го поддржа проектот „Нордиска поддршка за напредокот на Северна Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...