!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

СДСМ: Новата влада ќе преиспита за што биле потрошени 34,7 милиони евра во јануари


       
Скопје, 1 март, 2017 - 14:31 (META) 

Новата одговорна влада ќе ги преиспита сите нетранспарентни трошења на парите на граѓаните од буџетот, вклучувајќи ги трошењата на власта во заминување во јануари годинава, за време на нејзиното техничко функционирање, се вели во соопштението на СДСМ.

Од партијата велат дека „според, извештајот за извршување на буџетот за јануари 2017 година, владата во заминување потрошила 34,7 милиони евра повеќе од приходите што ги собрала тој месец“.

– Реализирани се 34,7 милиони евра од предвидените 302 милиони евра буџетски дефицит за цела година. Тоа е за 38 проценти повисока реализација од планираната месечна реализација на буџетскиот дефицит. Овој извештај покажува дека реализацијата на капитални инвестиции во јануари е на многу ниско ниво од само 4,8 проценти од предвиденото – велат од СДСМ.

Од партијата прашуваат „ако се земе предвид колку малку пари се реализирале за капитални инвестиции, тогаш за што владата со технички овластувања потрошила 34,7 милиони евра повеќе од собраните приходи“.

– Ваквите нетранспарентни трошења на народните пари ќе завршат со формирањето на новата одговорна влада, која ќе ги стави на увид на граѓаните сите буџетски намени – додаваат од СДСМ.