понеделник, 9 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: трошење | 32 резултати

Јавните пари во корона кризата мора да се трошат транспарентно

22 мај 2020

Многу држави мобилизираат огромни суми во своите кризни фондови со цел справување со кризата, а на јавноста, граѓанското општество и медиумите мора да им биде обезбедена слобода во набљудувањето и евалуацијата на тоа како се трошат јавните ресурси. Како што соопшти „Транспаренси Интернешнл – Македонија“, UNCAC Коалицијата ги повикува владите да обезбедат висок степен на […]

Истражување: Министерствата и општините најмалку информации објавуваат за финансиите

11 јуни 2019

Центарот за граѓански комуникации го објави рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер изработен во март 2019 година, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините. „Активната транспарентност на министерствата и на општините и во 2019 година останува на ниско ниво, иако е порасната во […]

Министерството за одбрана ги бара парите за комуналии за воените станови

20 мај 2019

Општина Карпош и Градот Скопје да му вратат 10 милиони денари на Министерството за одбрана, за комуналиите за воени станови, бара ресорната министерка Радмила Шекеринска, по чиј налог во 2017 година е стопиран проектот „АРМ мој вистински дом“. Државниот завод за ревизија смета дека треба да се преиспита оваа одлука поради парите кои веќе се […]

Кабинет на Иванов: Одговорно и транспарентно располагаме со буџетските средства

22 јуни 2018

Кабинетот на престедателот Ѓорге Иванов, изминатите девет години, максимално одговорно, совесно и на транспарентен начин располага со буџетските средства, се вели во одговорот од кабинетот на претседателот на соопштението од Владата. „Во таа насока, потенцираме  дека сите јавни набавки од страна на кабинетот на претседателот се извршени на максимално транспарентен начин и согласно сите законски регулативи […]

На порталот „Отворени финансии“ ќе се следи трошењето на парите на граѓаните

18 април 2018

Министерството за финансии во соработка со Меѓународниот републикански институт (ИРИ) подготвуваат портал „Отворени финансии“ кој што треба да биде пуштен во употреба кон крајот на годината. Овој портал ќе содржи податоци за трошењето на парите на граѓаните, односно за што се трошат парите, колку и кон која институција се вршело плаќање од буџетот и слично. […]

Владата го прошири опсегот на функционери што треба да кажат колку трошат

18 април 2018

Вчера Владата донела одлука најдоцна до 20 јуни годинава директорите и замениците на директорите на самостојните органи на државната управа, на органите во состав на министерствата и на инспекцискиот совет, на своите веб – страници да ги објават податоците за нивите службени трошоци за периодот од 01.12.2014 до 31.05.2015 година и за периодот од 01.12.2017 […]

„Метаморфозис“: Податоците за трошењата ќе бидат покорисни во машински читлив формат

27 март 2018

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ ѝ препорачува на Владата на Република Македонија да ги објави во машински читлив формат податоците за трошоците на министерствата и другите институции од централната власт. „Метаморфозис“, која е една од граѓанските организации што цврсто се залагаат за примена на принципите на доброто владеење, отчетност, транспарентност и отвореност, го поздравува […]

Владата ќе ги објави податоците за трошењата на функционерите во машински читлив формат

23 март 2018

Владата планира да ја објави целата дата-база на трошоците на носителите на јавни функции во машински читлив формат на нејзиниот веб-сајт, најави за „Мета“ портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. – Концептот на „отворени податоци“ и е важен на оваа Влада и ќе работиме да отвораме податочни сетови создадени од институциите, кои би биле корисни за […]

Поповски презентираше алатка за отчетност: Потрошивме двојно помалку од претходниците

21 март 2018

Помалку од двојно државни пари потрошиле функционерите на оваа влада во првите шест месеци од стапувањето на функцијата, во однос на функционерите на претходната влада по преземањето на функциите во 2014 година, информираше денеска министерот за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски. Анализата на софтверот (vlada.mk/otchetnost-troshoci), кој претставува Алатка отчетност за трошоците, покажува дека 60 функционери […]

Тантуровски: Нема да поднесам оставка затоа што не чувствувам одговорност

2 март 2018

Јас не чувствувам одговорност, не бев посочен како одговорен ниту во извештајот и од тие причини немам намера да поднесам оставка, изјави за „А1 он“, претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Игор Тантуровски, по обелоденувањето на скандалот за трошењето во Комисијата. – Извештајот беше направен за интерна употреба, но целта на неговото […]

ОЈО ќе го истражува трошењето пари во Антикорупциска

1 март 2018

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека, по допрен глас, оформило предмет за трошењето на буџетски средства од страна на членовите на Државната комисија за спречување на корупција. „По објавите во медиумите, обвинителството презема дејствија за утврдување на фактите во предметот, за прибирање на податоци и на потребната документација од Управата за јавни приходи и други […]

Институциите не ги спроведуваат препораките од ревизорите за финансиското работење

24 јануари 2018

Државните институции имплементирале многу малку препораки од Државниот завод за ревизија по контролите на нивното финансиско работење, информираше портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. Затоа, на владина седница било заклучено дека ќе бидат преземени поригорозни мерки за да се подобри ефикасноста на контролата на трошење на јавните финансии. – Многу малку препораки се имплементирани по завршувањето на […]

Горгиева: Новата Влада ќе гради, нема да краде и ќе враќа стари долгови

5 август 2017

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Цуклев, на расправата за ребалансот на буџетот во Собранието кажа дека целта е да се задоволат две основни популистички ветувања од страна на СДСМ, а тоа се укинување на радиодифузната такса и обезбедување на средства за минимална плата. За задолжителната минимална плата од 12.000 денари тој рече дека ќе направи дискриминација […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја загрози и исплатата на плати на припадниците на АРМ

25 јули 2017

Расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ ја загрози и исплатата на плати во АРМ, но Владата обезбеди сигурни плати и ја намалува стапката на задолженост, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во неа се додадва дека ниту едно „празно соопштение“ на ВМРО-ДПМНЕ не може да го сокрие нивното 11-годишно „тајно и расипничко задолжување […]

Комисиската расправа за ребалансот на буџетот ќе продолжи и денеска

22 јули 2017

Комисијата за финансирање и буџет денеска во 10.30 часот ќе го одржи петтото продолжение на седницата на која се расправа за предлогот на Владата за ребаланс на буџетот за 2017 година. Пред почетокот на расправата, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ остануваат на своите партиски ставови во однос на овој ребаланс. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека „СДС бесрамно продолжува да ги задолжува […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ некрофилски ги поврзува Смиљковско Езеро со работењето на МВР

13 јули 2017

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги обвини министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и СДСМ дека со денешниот брифинг во МВР, на кој беа презентирани фактури, сметки и податоци за трошењето на директорите на УБК и на БЈБ и на министрите во текот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, „се занимава со ланскиот снег“. „СДС некрофилски се обидува да ги […]

Инвестициите служеа за пропаганда, треба да се знае колку се субвенционирани

9 март 2017

Ако реализираните странски инвестиции во земјава ги гледаме квантитивно, од тоа што сме очекувале и во однос на тоа што е остварено, тогаш не е големо разочарувањето. Но, квантитавните индикатори, како што се бројот на вработувања или реализирани инвестиции, не зборуваат многу. Важен е квалитетот на инвестициите, новата вредност што ја создаваат, какво е нивното секундарно и […]

СДСМ: Новата влада ќе преиспита за што биле потрошени 34,7 милиони евра во јануари

1 март 2017

Новата одговорна влада ќе ги преиспита сите нетранспарентни трошења на парите на граѓаните од буџетот, вклучувајќи ги трошењата на власта во заминување во јануари годинава, за време на нејзиното техничко функционирање, се вели во соопштението на СДСМ. Од партијата велат дека „според, извештајот за извршување на буџетот за јануари 2017 година, владата во заминување потрошила […]

Попова: Жерновски потроши рекордни 1,2 милиони евра за две улички

10 февруари 2017

Мрзеливиот Андреј Жерновски ги заборави и не ги реализираше своите проекти и ветувања што ги даде во 2013 година, а беа содржани во неговата предизборна програма, обвини денеска на прес-конференција Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ. Таа истакна дека „Жерновски е единствениот градоначалник кој нема ништо сработено во својот мандат, кој ќе биде единствено запаметен како градоначалник кој за […]

Техничката влада нема право да се задолжува и да распишува тендери, сметаат експертите

23 јануари 2017

Актуелната техничка влада продолжува да одржува редовни аукции на државни хартии од вредност и да се задолжува, а во некои случаи и многу повеќе од доспеаните долгови за враќање. Последното задолжување на Владата беше на 17 јануари годинава, со нови 6,45 милиони евра на период од една година, за следниот ден да се раздолжи за истата […]

Страна 1 од 2