fbpx

Саша Јанковиќ, Вук Јеремиќ и Бошко Обрадовиќ заедно против изборна кражба

-

Опозицискиот претседателски кандидат, поранешниот народен правобранител на Србија, Саша Јанковиќ, поранешниот шеф на дипломатијата, Вук Јеремиќ, и претседателот на движењето Двери, Бошко Обрадовиќ, се согласиле дека иако водат одвоени кампањи, ќе имаат заедничка цел да спречат нерегуларности и изборна кражба.

Предизборните штабови на тројцата кандидати во заедничко соопштение денеска ја повикаа Републичката изборна комисија да го признае правото на судските верификатори да ги верификуваат потписите потребни за кандидирање, за да се избегне поради недоволниот број на нотари одредени кандидати да бидат оневозможени да поднесат кандидатура.

Тие го повикаа Народното собрание да основа надзорен одбор за контрола на изборите, кој би бил составен од претставници на сите парламентарни партии, а претседателот на парламентот веднаш да испрати официјален повик до ОБСЕ за нејзината набљудувачка мисија да го надгледува целиот изборен процес, затоа што, како што рекоа тројцата кандидати, власта не ги исправила неправилностите на кои ОБСЕ укажувала во извештајот за минатогодишните парламентарни избори.

Претседателските избори треба да бидат распишани најдоцна до петок, 3 март. Дел од српските медиуми вчера објави дека првиот круг на избори ќе се одржи на 2 април, но потврда за таа информација добиле од кабинетот на премиерот, иако распишувањето на претседателски избори е во надлежност на претседателот на парламентот.

Ако изборите се распишат на 2 април, кампањата ќе трае 30 дена, а претседателскиот кандидат ќе има 10 дена да собере и да завери 10.000 потписи, а вториот круг би се одржал на 16 април, односно на Велигден.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...