fbpx

МВР повикало 12 лица на распит за нападот врз новинарите

-

Министерството за внатрешни работи во моментов спроведува „оперативни мерки“ врши информативни разоговори со 12 лица, повразни со вчерашниот напад на новинарската екипа „А1он“. Полицијата, како што соопшти помошник-министерот за односи со јавност на МВР, Јордан Ламановски, сè уште трага по двајцата напаѓачи на новинарите, чиј идентитет засега е непознат.

Меѓу лицата со кои се вршат разговори, дел се сомничат дека учествувале во инцидентот, а дел се повикани како сведоци. После нападот на новинарите, „алфите“ привеле во полициската станица „Центар“ 6 лица, од кои 5 биле на возраст од 14 до 18 години и еден полнолетен. По разговорите во присуство на родителите, малолетниците биле пуштени, а шестиот бил задржан.

Како што соопшти, Ламановски, синоќа, покрај нападот на новинарите, имало уште два инциденти извршени од група од околу 12 малолетници. Инцидент имало во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ од двете страни на булеварот кај Народна банка. Во овие инциденти повредени се уште три лица, од кои еден еден без свест е пренесен на Ургентен центар и задржан, а потоа уште еден повреден бил донесен за лекарска помош во Ургентен центар.

На новинарско прашање дали после насилството од вчера денеска ќе има засилено полициско присуство, како во текот на „Шарената револуција“, беше даден општ одговор дека ќе се преземат сите мерки според проценките.

Министерот Агим Нухиу, на прес-конференцијата, упати апел од граѓаните мирно да протестираат и порача дека МВР има капацитет да ги истражи сите напади и да го штити јавниот ред и мир.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...