fbpx

МТСП: Лажна вест е дека ќе се градат станови за бегалци, Македонија е транзитна земја

-

Министерството за труд и социјална политика во реакција до медиумите вели дека лажна вест е дека државата ќе гради станови за бегалците и дека тие ќе остануваат во Македонија.

Од министерството велат дека нема да се градат кампови за бегалци, нема да им се даваат државјанства и дека Македонија е држава која е транзитна станица на бегалците.

„Kако земја членка на Обединетите нации, нашата земја ќе им помогне на бегалците на нивниот пат кон крајните дестинации, согласно меѓународните стандарди и ратификуваната Конвенција за правата на бегалците од 1994 година. Предлог-стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017-2027 е продолжение на иста таква стратегија за периодот 2009-2015 година, донесена од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Документот нема никакво обврзувачко дејство и тие кои во минатото ја потпишале оваа стратегија го знаат овој факт“, велат од Министерството.

Од таму велат дека секоја информација во поинаква насока е лага, неточна и невистинита и го осудија, како што велат, наменското ширење страв и ксенофобија кај граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...