fbpx

Жбогар: Очекуваме да се повтори високиот стандард на организирање на изборите

-

Евроамбасадорот Самуел Жбогар при вчерашната посета на Пробиштип, изјави дека претстои клучен период за Македонија, вклучувајќи го и извештајот за напредок на државата, но и претстојните избори. Жбогар рече дека е објавена методологијата за проширување, што е чекор напред.

– Овој документ е во процес на дискусија меѓу земјите членки. Се надеваме дека и тој предуслов, таа пречка на патот, ќе може наскоро да биде отстранета – рече Жбогар.

Сепак, евроамбасадорот потсети дека земјата има уште многу работи на кои треба да работи.

– Има уште многу работи, кои вашата земја треба да ги испорача и токму поради таа причина постои процесот на проширување или процесот на пристапување кон Европската Унија. Токму поради таа причина вие денеска не можете да се зачлените во ЕУ, затоа што прво би требало вашата економија, вашето општество, вашата животна средина, вашите државни институции, сите нив да ги подготвите за да ги имплементираат стандардите на ЕУ – изјави Жбогар.

Во однос на претстојните ибори, претставникот на ЕУ кажа дека изминатите изборни циклуси наметнаа високи очекувања во поглед на организирање на фер и демократски избори.

– Собранието само што се распушти и влегуваме во изборен период. Тоа што сите видовме, во текот на изминатите изборни циклуси ги кренаа очекувањата многу високо, затоа што сите тие беа беа спроведени на перфектен, совршен начин. Така што, ние како ЕУ не очекуваме ништо помалку од тие очекувања од начинот на којшто беа спроведени изминатите избори – изјави Самуел Жбогар од Пробиштип.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...