fbpx

Заев: Правам отстапка изборите наместо на петти да се одржат на осми јули, само за да учествува опозицијата

-

Датумот на избори не е прашање на личен избор или инает, овде станува збор за нашата држава и народ, за подобро справување со корона кризата, со здравствената и економската криза предизвикана од вирусот, која што трае и продолжува во периодот кој што стои пред нас, истакна денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев во Струмица, во одговор на новинарско прашање.

Тој додаде дека изборите се потребни што поскоро за граѓаните да си ги вратат институциите.

„Апелирам и повикувам на одговорност, на рационалност и конструктивност. Оваа не е време како порано, кога на претходната власт и одговараа избори без опозиција. Не, демократијата во која живееме бара активно учество на опозицијата. Затоа, јас нема да робувам на 5 јули како датум и да се држам фиксно до него, имајќи предвид дека и Мицкоски и јас повеќе пати спомнувавме дека е поприфатливо изборите да се одржат во среда. Еве отстапувам од 5 јули и се согласувам изборите да бидат на 8 јули, среда, при што во понеделник и вторник ќе гласаат болни и изнемоштени, нашите граѓани во самоизолација или позитивните кои што се во болниците или дома, а ќе се вклучат да гласаат и сите хронично болни, повозрасните луѓе и други,“ порача Заев.

Заев го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да покаже одговорност и да го прифати предизвикот за изборно соочување, со цел државата што побрзо да добие функционален парламент и влада со политички легитимитет и одговорност.

„Вонредната состојба завршува вечерва на полноќ, ако се прифати 8 јули, ќе го замолам претседателот на владата Спасовски и министрите да се соберат доцна во текот на денов, да свикаат владина седница да поднесат предлог за продолжување на вонредната состојба од три дена овој пат заради договор со опозицијата. Немаме аргументи реално заради економски причини да бараме вонредна состојба, но три дена ќе дадат правно разрешување, за токму на 8 јули да одиме заедно на избори,“ заклучи Заев.

На средбата кај претседателот Стево Пендаровски синоќа, Заев и Мицкоски не се договорија за датум за избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...