fbpx

Нови 196 заболени од ковид-19 од 1.213 тестирања, починаа осум пациенти

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.213 тестирања, а регистрирани се 196 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-90, Куманово-17, Штип-5, Прилеп-1, Тетово-45, Струга-8, Велес-1, Битола-4, Охрид-11, Гостивар-8, Крива Паланка-1, Пехчево-2, Свети Николе-1, Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти од Скопје-3, Куманово-1, Штип-2, Прилеп-4, Велес-1.

Починати се осум пациенти, четири од Скопје, еден од Струга, еден од Охрид, еден од Гостивар и еден од Ресен.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Скопје, пациентка на возраст од 76 години, хоспитализиран пред 10 дена, пациент на возраст од 67 години, хоспитализиран пред 8 дена и пациентка од Гостивар на возраст од 31 година, на болничко лекување од 26 мај. Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти од Скопје на возраст од 43 години-хоспитализиран на 11 јуни, пациентка на возраст од 59 години, хоспитализирана на 10 јуни и пациент од Струга на возраст од 56 години, хоспитализиран на 2 јуни. Во болницата во Битола почина пациент од Ресен на 68 години, хоспитализиран во текот на вчерашниот ден. Во болницата во Охрид почина пациент на возраст од 81 години, хоспитализиран на 10 јуни,“ се вели во соопштението на Министерство за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.895, бројката на оздравени пациенти е 1.705, на починати е 179, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.011.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 94 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 21 нови, а вкупно хоспитализирани 73 пациенти. На респираторна машина се 9, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...