За повеќе од еден месец, одложено судењето на браќата Усеини

-

Поради влошена здравствена состојба на осомничениот Ибро Усеини, за повеќе од еден месец е одложен главниот претрес во судскиот процес против браќата Усеини.

Советникот од редовите на ДУИ Нефи Усеини и неговиот брат Ибро Усеини, се товарат за сторено дело „насилство“, сторено врз охриѓанецот Спиро Топалоски настан кој се случи кон средината на месец август.

СВР Охрид до ОЈО Охрид потоа поднесе кривични пријави против првиот човек на ДУИ во Охрид и неговиот брат, за две кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје и распрснувачки материјали“, поради инцидентот кој се случи на 18ти август во центарот на Охрид во кој го нападнале Спиро Топалоски. На двајцата им беше изречена мерка притвор во траење од осум дена поради можноста за повторување на делото, влијание на сведоци и бегствo.

И двајцата браќа кои се осомничени, откако шест дена беа во бегство, сами се пријавија во полициска станица.

На 11-ти септември, браќата Усеини со гаранција во недвижен имот проценет на 850 илјади евра, беа ослободени од притвор, иако претходно одбраната нудеше гаранција во готово од 30 илјади евра за да им биде заменет притворот. Охридскиот суд прифати, но ваквото решение беше укинато од битолска апелација.

Денес во охридската судница не се појави ни оштетениот Спиро Топалоски, а доколку не дојде на следното рочиште стражарно ќе биде приведен и донесен пред Судот. Тој првично тврдеше дека Усеини го удрил со пиштол, за да потоа со писмена изјава го смени ставот и тврдеше дека пиштол не видел, туку добил удар од позади.

Димитрија Цобоски, адвокатот на Нефи Усеини, денес после одложеното рочиште изјави дека станува збор за кривично дело, кое сепак претставува еден вид на загрозување на нечија сигурност, предизвикување страв, нерасположение во јавноста.

„Меѓутоа не е во доменот на тешки кривични дела каде што може да имаме последица тешка телесна повреда или крнајно смртна последица,“ објасни адвокатот Цобоски.

Судијата Милчо Клишески пак кој го води предметот, во консултација со адвокатите, претресот го закажа за 26-ти октомври.

Кривични пријави против советникот Нефи Усеини беа поднесувани и во минатото за насилство, физички напади, узурпација на простор.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...