среда, 10 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Нефи Усеини | 15 резултати

Охридското обвинителство поднесе обвинение за насилство за браќата Усеини

септември 2, 2020

Основното јавно обвинителство во Охрид до Основниот суд Охрид поднесе Обвинителен предлог против браќата Усеини, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител кој постапува во предметот до надлежниот суд доставил и посебен предлог […]

Браќата Усеини сами се пријавиле во охридската полиција

август 26, 2020

Нефи Усеини и неговиот брат денеска сами се пријавиле во охридската полиција откако судот им изрече мерка притвор во траење од осум дена за инцидентот што се случи минатата недела, потврдија од СВР Охрид за „Мета.мк“. Претходно полицијата не можеше да им влезе во трага откако браќата добија кривична пријава поради постоење основи на сомнение […]

Топалоски се премисли: Не сум видел пиштол, поради стресот сум помислил дека Нефи има пиштол

август 22, 2020

Добив удар од позади грб и поради стресот што го добив сум стекнал погрешен впечаток дека Нефи Усеини има пиштол. Ова е дел од новата изјава на охриѓанецот Спирко Топалоски, кој завчера пријави дека бил нападнат од советникот на ДУИ во општина Охрид, Нефи Усеини. Во соопштение од неговиот адвокат, Топалоски ја менува првичната изјава. […]

Нема потерница за браќата Усеини кои се во бегство

август 21, 2020

Полицијата не може да им влезе во траг на Нефи Усеини и неговиот брат кои се обвинети за напад врз нивниот сограѓанин, Спире Топалоски. Засега, министерството за внатрешни работи во делот за потраги нема објавено податоци за распишана домашна или меѓународна потрага по браќата Усеини. Прехтходно СВР Охрид поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство […]

СВР Охрид поднесе кривична пријава за насилство против Нефи Усеини

август 19, 2020

Охридската полиција поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство против Нефи Усеини и неговиот брат од Охрид. Како што информираат од СВР Охрид, пријавата за Н.У.(45) и И.У.(48) е поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“. По наредба на Јавен обвинител, СВР Охрид синоќа […]

Антикорупциска бара владата да ги урива дивоградбите во Охрид и Струга

мај 15, 2020

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ќе побара од Владата да преземе активности за да се одземат ингеренциите на општините Охрид, Струга и Дебарца за рушење на дивоградбите. Антикорупционерите сметаат дека владата треба да ги урива дивоградбите, а не општинските власти. Причина за ваквото барање, според претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, е премалата сума, […]

И други јавни претпријатија од Охрид ќе ги раскинуваат договорите со фирмата на советникот Нефи Усеини

август 6, 2019

Откако Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ ги раскина договорите со фирмата на Нефи Усеини, член на Советот на општина Охрид од редовите на ДУИ, има сериозни изгледи и други јавни претпријатија од оваа општина да ги раскинат договорите со таа фирма. Локалната самоуправа нема склучено никаков договор со фирма или фирми блиски до советникот Нефи Усеини, […]

ЈП „Охридски Комуналец“ ги раскина договорите со фирмата на Нефи Усеини

август 6, 2019

Управниот одбор на ЈП „Охридски Комуналец“ на седница која се одржа денеска донесе одлука да бидат раскинати договорите со компанијата НИФИ ИК на Нефи Усеини, советникот од ДУИ во Советот на Општина Охрид. Како причина е наведен судир на интереси. Одлуката уследи по препорака на Државната комисија за спречување корупција и мислењето кое таа го […]

Антикорупциска бара кривична одговорност за платформата на Матка, почнува постапка за дивоградбата кај Чинарот

август 5, 2019

Државната комисија за спречување корупција поведе постапка за кривично гонење на градоначалникот на Сарај Блерим Беџети поради непостапување за нелегално изградената платформа на Матка. На денешната седница, Антикорупциска отворила предмети и за пицеријата-дивоградба кај охридскиот Чинар, која е сопственост на советник од ДУИ во Советот на општина Охрид, Нефи Усеини. ДКСК ја испитува и јавната […]

Нападнатиот професор Илјази бара борба против неказнивоста и незаконитоста во Охрид

август 1, 2019

Универзитетскиот професор Илjаз Илjази, кој неодамна беше физички нападнат од страна на советникот во Општина Охрид од редовите на ДУИ, Нефи Усеини, порача дека мора да се стори нешто против неказнивоста и незаконитоста во Охрид. Усеини го нападнал професорот Илјази пред зградата во која живее на улицата „Сатеска“ поради спор околу незконско приклучување на водоводната […]

Поради тепачка помеѓу двајца советници, прекината седницата на Советот на Општина Охрид

јуни 10, 2019

Поради тепачка помеѓу двајца советници, 28. седница на Советот на Општина Охрид беше прекината. Од СВР Охрид го потврдуваат инцидентот и информираат дека лицето Џемаил Мена советник од редовите на БЕСА, телефонски пријавило дека во просториите на Општина Охрид, физички бил нападнат од лицето Нефи Усеини од ДУИ и двајцата од Охрид. Во соопштението се […]

Страна 1 од 1