Втор ден над 500 нови случаи на ковид-19, бројката на починати двојно поголема од вчера

Апарат за помош на ковид пациентите при дишење развиен во Медицинскиот центар „Шеба“ во Израел | Фото: IDF Spokesperson's Unit, Wikimedia commons

Втор ден по ред дневните ковид-статистики покажуваат повеќе од 500 нови случаи. Ако вчера бројот на нови случаи изнесуваше 518, што е повеќе од еден и пол пат од бројките од речиси 400 нови случаи на крајот на минатата седмица, со денешните статистики бројката стаса близу до 600, односно 588 нови случаи. Исто така, рапидно расте и статистиката за починати од ковид-19 – ако вчера беа регистрирани четири починати пациенти, денешните бројки говорат за осум починати

Министерството за здравство соопшти дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во последните 24 часа се направени 5.780 тестирање, а регистрирани се 588 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 230, Тетово – 101, Гостивар – 82, Кичево – 48, Дебар – 17, Охрид и Струмица – по 16, Куманово – 15, Струга –11, Битола – 8, Кавадарци и Свети Николе – по 6, Радовиш и Берово – по 5, Велес и Валандово – по 4, Штип и Виница – по 3, Ресен и Македонски Брод – по 2, Прилеп, Кочани, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 26 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Тетово – 6, Гостивар – 4, Куманово, Битола и Берово – по 2, Кичево и Валандово – по 1.

Пријавени се 8 починати лица: по 2 лица од Тетово (66 г и 72 г) и Гостивар (67 г и 72 г), по едно лице од Скопје (65 г), Прилеп (51 г), Кичево (74 г) и Велес (65 г). Од починатите лица само едно лице е починато во домашни, а останатите 7 лица во болнички услови.

Досега во земјаваа се направени вкупно 1.033.882 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.269 бројката на оздравени пациенти е 150.613, на починати е 5.521, а бројот на активни случаи изнесува 3.135.