Откриени 518 нови случаи на ковид-19, починале 4 лица

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство соопшти дека во земјава во последните 24 часа се направени 5.809 тестирање, а регистрирани се 518 нови случаи на ковид-19:
Скопје – 179, Тетово – 96, Гостивар – 65, Куманово – 35, Кичево – 29, Струга – 20, Битола – 14, Охрид и Струмица – по 11, Дебар – 10, Кавадарци – 7, Велес – 6, Кочани – 5, Прилеп и Берово – по 4, Штип, Виница и Македонски Брод – по 3, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Пробиштип и Демир Капија – по 1.

Регистрирани сe 31 оздравени пациенти од: Скопје – 13, Куманово – 6, Гостивар – 5, Тетово – 4, Струмица – 2, Битола – 1.

Пријавени се 4 починати лица: 2 од Скопје (71 г и 88 г), по еден од Тетово (75 г) и Дебар (67 г). Сите починале во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.028.102 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.681 бројката на оздравени пациенти е 150.587, на починати е 5.513, а бројот на активни случаи изнесува 2.581.