Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, особено во источните делови. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од западен и од југoзападен правец. УВиндексот ќе изнесува 9.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 22 Целзиусови степени, а највисоката температура ќе достигне до 40 степени.
Во Скопје се очекува слично време со температура до 39 Целзиусови степени.