Даниловски: Teмпературните разлики влијаат на кардиоваскуларниот систем

Топлината предизвикува стрес на организмот, а стрес-хормоните го изложуваат срцето на зголемен напор. Ниските температури може да предизвикаат хипотермија и да доведат до згуснување на крвта, заради што се зголемува склоноста кон настанување на крвни коагулуми. А тоа, пак, може да доведе до мозочни и срцеви удари и тромбоза во екстремитетите, вели проф. д-р Даниловски

-

Наглите падови или покачувања на температурите влијаат на човековото здравје, предупредуваат лекарите. Временските разлики кај здравите луѓе предизвикуваат тегоби, а проблем имаат и хронично болните лица на кои им се влошува здравствената состојба во периодот на вакви температурни разлики, какви што имаме во последните два дена.

Утринската температура вчера нагло падна на 12 до 20 степени Целзиусови, а само до ден претходно имавме портокалова фаза и максимални дневни температури од 41, па и повеќе степени. За овие големи температурни разлики во кус временски период, односно, за тоа, како тие се одразуваат на здравјето, разговаравме со епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски.

„Човечкото тело има способност да се аклиматизира на температурните промени, но тоа не може да го стори во рок од неколку часа. За тоа се потребни повеќе денови, до две недели. Ваквите нагли промени на температурата ја нарушуваат рамнотежата на еколошките системи и може да доведат до проблеми со здравјето на луѓето, особено кај повозрасните и оние со хронични болести“, предупредува тој.

Како што објаснува Даниловски, организмот се наоѓа во деликатна рамнотежа и се труди напорно да ја одржува телесната температура и виталните функции, како и да најде начини да ги компензира екстремните варијации на надворешните влијанија.

„Температурните разлики влијаат на кардио-васкуларниот систем. Топлината предизвикува стрес на организмот, а стрес-хормоните го изложуваат срцето на зголемен напор. Ниските температури може да предизвикаат хипотермија и да доведат до згуснување на крвта, заради што се зголемува склоноста кон настанување на крвни коагулуми (угрушоци). А тоа, пак, може да доведе до мозочни и срцеви удари и тромбоза во екстремитетите“, објаснува Даниловски.

Екстремите не се проблем за здрав организам. Механизмите за регулација на рамнотежата се еластични. Но, кај повозрасни луѓе и оние со хронични болести, еластичноста на компензаторните механизми е намалена.

„Ненадејните промени на температурата и влажноста може да доведат до сушење на носната слузокожа, што ја зголемува веројатноста за бактериски и вирусни инфекции (заради компромитирање на локалниот имун одговор при влез на вируси или бактерии). Тие, исто така, можат да ја влошат состојбата кај оние кои страдаат од алергии. Временските промени, исто така, може да предизвикаат мигрена и болки во зглобовите“, додава Даниовски.

Со зголемување на веројатноста за ненадејни температурни промени во наредните години, потенцира професорот, луѓето во напредната возраст и со хронични болести треба да обрнат внимание на нивните потенцијални ризици и да се заштитат кога ќе се случат овие флуктуации.

Во меѓувреме, синоптичарите за денеска најавија пораст на температурата, која ќе се движи од 26 до 34 степени.

„До недела ќе се задржи стабилно време со свежи ноќи и просечна дневна температура“, информираат во УХМР.

Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од Јужноафриканци кои бегаат од „геноцид“

Доналд Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од бели Јужноафриканци кои ги напуштиле своите фарми, повторувајќи неоснована теорија на заговор дека белците во Јужна Африка систематски се убивани и нивната...

Сиљановска-Давкова: Културата е најмоќниот ресурс на малите народи и треба да го добие вистинското место во дипломатијата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на домаќинка, се обрати на третата сесија на Форумот за културна дипломатија, што се одржува под покровителство на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов. Говорници на сесијата беа:...

Силен земјотрес во морето северно од Крит, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди морскиот регион североисточно од грчкиот остров Крит утрово во 6:19 часот по локално време, објави грчки Катимерини. Епицентарот бил...

Сè уште не е изграден ветениот кружен тек во Ѓорче Петров

Факт е дека Град Скопје и Општина Ѓорче Петров имаа три и пол години  да го изградат кружниот тек меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонска војска“. Дури и под претпоставка сега...

Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од Јужноафриканци кои бегаат од „геноцид“

Доналд Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од бели Јужноафриканци кои ги напуштиле своите фарми, повторувајќи неоснована теорија на заговор дека белците во Јужна Африка систематски се убивани...