fbpx

Македонија денеска во жолта алертна фаза

-

На територијата на цела Македонија денеска временските услови ќе бидат со многу висока дневна температура, состојба што Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ја означува како жолта алертна фаза.

Температурата ќе достигне 40 Целзиусови степени.

Министерството за здравство вчера апелираше граѓаните од целата земја да ги почитуваат општите препораки за заштита од високата температура: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, а особено да се внимава при подготовката и консумирањето на храната.

На хронично болните лица им се препорачува редовно да ја земаат пропишаната терапијa.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...